Октомври 2008 – до јуни 2013: “Отстранување на ПХБ и опрема која содржи ПХБ”
Целта на овој проект произлегува од приоритетите дефинирани во Националниот Имплементационен План за редукција и елиминација на перзистентни органски загадувачи. Имплементацијата на тие приоритети ќе и помогне на земјата да биде во согласност со обврските од Стокхолмската Конвенција за перзистентните органски загадувачи (POPs) и со тоа да придонесе кон подобрување на состојбата во животната средина и конечно да ги редуцира или елиминира заканите кои демнат од загадувањето на животната средина и изложеноста на популацијата на полихлорирани бифенили (PCB).
Овој проект преку воспоставување на еколошки прифатлив систем за управуваwе со полихлорирани бифенили (PCB), опремата и отпадот кои содржат полихлорирани бифенили (PCB), ги зајакнува националните капацитети, вклучувајќи ја и правната регулатива, институционалните и техничките капацитети, подигање на јавната свест и придонесува кон процесот на целосна замена на ПХБ опремата во демонстрационите, а подоцна и на територијата на целата земја.