Воспоставување на систем за управување со отпадните масла во Република Македонија

Ноември 2011 – декември 2012: “Воспоставување на систем за управување со отпадните масла во Република Македонија

Елиминицијата на отпадни масла во Македонија претставува големо оптоварување на животната средина, животот и здравјето на луѓето.

Со цел унапредување на животната средина, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со GIZ (Германска развојна соработка) и Avista Oil Group од Германија (една од најголемите компании во Европа за собирање и рециклирање на отпадни масла) иницираше проект за унапредување на системот за управување со отпадни масла во земјата.

Целта на проектот е да помогне на компаниите кои создаваат и собираат отпадно масло да управуваат со истото на еколошки и економски прифатлив начин.