Проект за елиминација на отпад кој содржи лабораториски хемикалии од институтите за јавно здравје во Република Македонија

Март 2010 – јуни 2011: Проект за елиминација на отпад кој содржи лабораториски хемикалии од институтите за јавно здравје во Република Македонија


Корисник: Влада на Република Северна Македонија
Донаторска институција: SECO, Влада на Кралството Норвешка и Влада на Р. Македонија
Национално извршно тело: Канцеларија за POPs
Вредност на проектот: CHF 123,000
Времетраење на проектот: 2010-2011

Имајќи ја предвид претходната успешна и плодна соработка со Институтот за јавно здравје, Директорот, при крајот на 2009 година се обрати до Министерството за животна средина и просторно планирање со барање за асистенција во отстранувањето на значителни количини на течен и цврст хемиски отпад. Овој отпад се акумулирал во текот на повеќегодишното работење на лабораториите во рамките на Институтот за јавно здравје во повеќе градови низ земјава.

Беше доставена листа со вкупно 739 вида отпадни хемикалии во вкупна количина од 7.2 тони.

По целосната идентификација на хемикалиите, експертскиот тим пристапи кон правилно препакување и обележување на хемикалиите, за безбедно транспортирање до капацитетот за согорување на опасен отпад Valorec во Базел, Швајцарија.