Градење на капацитети за застарени и POPs пестициди во регионот на Источна Европа, Кавказ и Централна Азија

Декември 2010 – јануари 2012: “Градење на капацитети за застарени и POPs пестициди во регионот на Источна Европа, Кавказ и Централна Азија” – регионален проект

На иницијатива на Меѓународната асоцијација за НСН и пестициди (IHPA), а во покровителство на Организацијата за храна и земјоделство (FAO) проект за градење на капацитети за управување со застарените пестициди во земјите од Источна Европа, Кавказ и Централна Азија (ЕЕССА).

Во периодот 27.05 – 04.06.2010, Министерството за животна средина и просторно планирање беше домаќин на Меѓународната обука за инвенторизација на залихи на POPs и други пестициди, која се одржа во Охрид и Скопје, Македонија.

Обуката е посветена на имплементација на Меѓународниот проект: “Градење капацитети за застарените залихи на POPs и други пестициди во Источна Европа, Кавказ и Централна Азија (ЕЕССА)”.Земји кои учествуваат во проектот се Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Македонија, Молдавија, Монголија, Црна Гора и Романија.

Република Македонија учествува во проектот како рамноправен партнер во исполнувањето на обврските кои ги има преземено со потпишувањето на Стокхолмската Конвенција во 2001 во остварувањето на целите во регионални и глобални рамки за безбедно управување со хемикалиите, поконкретно со пестицидите кои се вбројуваат во групата опасни хемикалии познати под името перзистентни органски загадувачи.

Цел на обуката е учесниците да се запознаат со современиот пристап во инвенторизација и управување со залихите на пестициди, со посебен акцент на утврдување на локациите каде се складирани залихите, нивна правилна идентификација,и обележување.