Проект за безбедно управување со хемикалиите – SAICM

Август 2008 – јануари 2011: “Проект за безбедно управување со хемикалиите – SAICM”

Согласно препораките дадени од страна на меѓународната заедница кои се дефинирани во трите стратешки документи за управување со хемикалии (SAICM), беше подготвен нов проект со цел да се изработи еден Национален имплементационен план за реализација на насоките дефинирани со SAICM. Во Октомври, 2006, проектот беше одобрен и финансиски поддржан од QSP Trust Fund. [www.saicm.mk]

Во овој проект главниот акцент беше ставен на изработка на Националниот акционен план за безбедно управување со хемикалии во Република Македонија и Патоказ за воведување на акциите за безбедно управување со хемикалиите во процесите на развојно планирање.