Декември 2013 – Декември 2014: “Проект за отстранување на техничките и економски бариери заради трансфер на технологии за ремедијација на локациите контаминирани со αHCH, βHCH и линдан во Република Македонија – ОХИС” – PPG Project Preparation Grant
Во овој едногодишен проект, Глобалниот Еколошки Фонд одобри средства за изработка на целосен проектен документ со кој ќе се аплицира за доделување на средства за Full size project со цел да се изнајде решение за ремедијација на локацијата контаминирана со αHCH, βHCH и линдан во кругот на ОХИС. Во рамките на овие активности се утврдија сите критериуми и детали според кој ќе се спроведуваат потребните мерки и активности во идниот проект.