Ноември 2017 – декември 2018: Проект “Зајакнување на капацитетите за развој на националните регистри за загадувачи и трансфер на загадувачи (PRTR) и поддршка на спроведувањето на SAICM во две земји со економии во транзиции, Република Молдавија и Република Македонија”, финансиски подржан од UN Environment SAICM.
Република Македонија како потписник на Киевскиот Протокол за Регистар на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ) има обврска да воспостави и да одржува јавно достапна база на податоци во форма на Национален Регистар на испуштање и пренесување на загадувачки материи од индустриските инсталации на нејзината територија.
Владата на РМ, на предлог на МЖСПП, како надлежен орган за вршење на работите од областа на животната средина, го донесе Правилникот за формата, содржината, методологијата и начинот на водење на Регистарот на испуштање и пренесување на загадувачи (Сл. Весник на РМ” бр.2/11), во кој се пропишани сите обврски кои произлегуваат од ЕУ Регулативата (EC) бр. 166/2006 и Протоколот.
Во рамките на проектот кој се реализира со техничка и финансиска помош од страна на QSP TF админстриран од SAICM Секретаријатот при UN environment, беа подготвени Прирачници за проценка на емисии за следните типови на индустрии:
- Прирачник за проценка на емисии во метална и хемиска индустрија
- Прирачник за проценка на емисии од производство на енергија и топлина
- Прирачник за проценка на емисии во земјоделството и фармите
- Прирачник за проценка на емисии во од постројки за согорување на отпад и постројки за третман на отпад
Документи
Моќта е во твоите раце
Водич за граѓаните и граѓанските организации – за Протоколот за регистри за испуштање и пренос на загадувачи
Национален имплементационен план за редукција и елиминација на POPs во Република Македонија – Ажурирана верзија