Воспоставување на систем за управување со електрична опрема контаминирана со ПХБ (полихлорирани бифенили)

Март 2007 – октомври 2008: “Воспоставување на систем за управување со електрична опрема контаминирана со ПХБ (полихлорирани бифенили)”


Корисник: Влада на Република Северна Македонија
Донаторска институција: Влада на Федерацијата Република Германија и GTZ
Национално извршно тело: Канцеларија за POPs
Вредност на проектот: EUR 400,000
Времетраење на проектот: 2006-2008

Целта на овој проект е воведување на систем за управување  со ел.опрема која содржи полихлорирани бифенили (PCB) преку  евиденција и следење, еколошки прифатливо отстранување на опремата контаминирана со полихлорирани бифенили (PCB).

Во програмата се вклучени три демонстрациони локации: СИЛМАК , МЗТ и Раде Кончар каде ќе се изведат сите процедури во управувањето со полихлорирани бифенили (PCB)  опремата.

Задачи на проектот:

• Привремено складирање на трансформатори и кондензатори кои содржат полихлорирани бифенили (PCB)
• Правилно одлагање на трансформатори и кондензатори кои содржат полихлорирани бифенили (PCB)
• Безбедно ракување со опремата која содржи полихлорирани бифенили (PCB)
• Информирање на популацијата за ракувањето со полихлорирани бифенили(PCB) трансформаторите и кондензаторите
• Развој на концепт за понатамошно управување со отпадот
• Евидентирање и анализирање на опремата која содржи полихлорирани бифенили (PCB)
• Методи на чистење на локации контаминирани со полихлорирани бифенили (PCB)

Проектот е поддржан од GTZ, а реализиран во соработка со  Envio recycling GmbH.