Април 2016 – aприл 2018: “Иницијална оцена на состојбата со жива во Република Македонија”
Во рамките на обврската на Република Македонија која ја превзема со потпишувањето на Минамата Конвенцијата за жива (25.07.2014), подготвен е предлог проект заедно со UNEP за иницијална оцена на состојбата со жива во земјата.
Со цел да се вклучи во глобалните напори за безбедно управување со жива, надлежните институции во Македонија го превземаа првиот чекор во таа насока , а тоа е да се разбере каде се изворите на снабдување со жива во земјата, да се обезбедат податоци во форма на инвентар на жива, кои се однесуваат на тоа во кои производствените процеси се користат соединенијата на жива, кои се главните извори на емисии во воздухот, водата, отпадот и почвата, да се изврши оцена на политиките, регулаторната и институционалната рамка со цел да се фокусира на главните финансиски ресурси и механизми за справување со здравствените аспекти, градењето на капацитетите и јавната свест за сите заинтересирани страни.
Корисен линк: https://www.mercuryconvention.org/en