Ажурирање на Националниот имплементационен план за редукција и елиминација на перзистентните органски загадувачи – POPs во Република Македонија

Јули 2012 – август 2013: “Ажурирање на Националниот имплементационен план за редукција и елиминација на перзистентните органски загадувачи – POPs во Република Македонија


Донаторска институција: GEF (Глобален еколошки фонд)
Имплементациона агенција: UNIDO
Национално извршно тело: Kанцеларија за POPs
Времетрање на проектот: Јули 2012 до Август 2013

Во изминатиот период од 10 години, на предлог од неколку земји членки и во согласност со консултациите помеѓу експертите во комитетот за разгледување на POPs, беше донесена одлука од страна на секретаријатот на Стокхолмската конвенција со која на листата на 12 POPs хемикалии ќе се додаде група од дополнителни 10 хемикалии за кои беше утврдено дека ги имаат истите особини како и претходните.

Како резултат на постојана активност и присутност на Канцеларијата за POPs во меѓународните активности посветени на овие штетни хемикалии, Македонија е првата земја на која Глобалниот еколошки фонд и одобри средства за ажурирање на НИП-от со цел да ги внесе новите податоци за POPs хемикалиите добиени во изминатиот период и да изработи инвентар за новите 10 хемикалии кои беа додадени на листата.

Цели на проектот:

  • Да се ажурираат инвентарите за старите и да се изработат инвентари за новите POPs хемикалии
  • Да се утврдат капацитетите на земјата за управување со новите POPs хемикалии
  • Да ги идентификува приоритетите, да изработи акциони планови за редукција и рестрикција на производство, промет и употреба на новите POPs

Активности на проектот:

  1. Формирање на надзорен комитет
  2. Формирање на експертски тим
  3. Воведна работилница – 27 септември 2012 (агенда)
  4. Работилница за изработка на инвентари за новите POPs и ажурирање на инвентарите за старите POPs – 19 до 21 ноември 2012 (агенда)
  5. Утврдување на приоритети – 22 до 24 април 2013 (агенда)
  6. Изработка на акциони планови согласно утврдените приоритети

Ажурираниот НИП беше разгледан од страна на надлежните институции и одобрен на Влада на РМ како важен стратешки документ во 2017 година.