Мај 2002 – јануари 2005: “Овозможувачки активности за олеснување на раното делување за имплементација на Стокхолмската конвенција за POPs во Република Македонија.”
Корисник: Влада на Република Северна Македонија
Донаторска институција: ГЕФ
Национално извршно тело: Канцеларија за POPs
Вредност на проектот: USD 497,000
Времетраење на проектот: 2001 – 2005
По потпишувањето на Стокхолмската конвенција, во Маj 2001, Република Македонија се стекна со право за користење финансиска помош од Глобалниот еколошки фонд (GEF).
Македонија беше меѓу првите три земји на кои им беа одобрени средства за имплементација на проектот: “Овозможувачки активности за олеснување на раното делување на имплементациjата на Стокхолмската конвенциjа за POPs”
Задачата на Канцелариjата беше да ги координира и спроведува целокупните активности насочени кон имплементациjа на овој проект.
Целта на проектот беше да се подготви Националниот имплементационен план за редукциjа и елиминациjа на перзистентните органски загадувачи (POPs).