Министерството за животна средина и просторно планирање, преку проектната канцеларија за неразградливи органски загадувачи (POPs) е во фаза на имплементација на проектот „Зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива со фокус на изработка на стратегија за процена на локација контаминирана со жива“. Проектот има за цел зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива преку ажурирање на постоечките инвентари на жива, идентификување на националните приоритети во управувањето со живата, усвојување на сеопфатен Национален план за имплементација и детална стратегија за проценка на локациите загадени со жива.
ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИ ЕКСПЕРТИ ПРЕКУ ПРОЕКТОТ
„ЗАЈАКНУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА МИНАМАТА КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ЖИВА СО ФОКУС НА ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ЛОКАЦИИ КОНТАМИНИРАНИ СО ЖИВА “