Страните на Конвенцијата,
Утврдувајќи дека неразградливите органски загадувачи имаат токсични особини, отпорни се на разградување, се акумулираат во живи организми и се пренесуваат преку воздух, вода и миграторни видови, преку меѓународните граници и се одложуваат далеку од нивното место на ослободување, каде се акумулираат во копнени и водени екосистеми,
Свесни за здравствените проблеми, особено во земјите во развој, кои се резултат на локално изложување на неразградливи органски загадувачи, поточно влијанието врз жените и преку нив на идните генерации,
Утврдувајќи дека арктичките екосистеми и нативните заедници се посебно изложени на ризик заради биомагнификацијата на неразградливите органски загадувачи и дека контаминацијата на нивната традиционална храна е јавно здравствено прашање,
Свесни за потребата од глобална акција за неразградливите органски загадувачи,
Повикувајќи се на постојните одредби од релевантните меѓународни конвенции за животна средина, особено Ротердамската Конвенција за процедура на претходно издадена согласност за одредени опасни хемикалии и пестициди за меѓународна трговија, и Базелска Конвенција за контрола на прекугранично пренесување на опасен отпад и негово отстранување, вклучувајќи и регионални договори во рамките на нејзиниот член 11,
Повикувајќи се исто така на постојните одредби од Декларацијата од Рио за животна средина и развој и Агендата 21,
Потврдувајќи дека претпазливост е нагласена во сите прашања од интерес на страните и вградена во оваа Конвенција,
Потврдувајќи дека државите, во согласност со Повелбата на Обединетите Нации и принципите на меѓународното право, имаат суверено право да ги експлоатираат сопствените ресурси според нивните политики за развој и животна средина, и обврската да гарантираат дека активностите во нивна јурисдикција или контрола не предизвикуваат штета врз животната средина на други држави или области вон границите на национална јурисдикција,
Имајќи ги предвид состојбите и специфичните потреби на земјите во развој, особено најнеразвиените меѓу нив, и земјите со економија во транзиција, и потребата за зајакнување на нивните национални капацитети за управување со хемикалии, вклучувајќи трансфер на технологии, обезбедување финансиска и техничка помош и промовирање на соработка помеѓу страните,