ИНФОРМАТИВНА СРЕДБА ВО ВРСКА СО АКТУЕЛНОТО ЧИСТЕЊЕ НА МАЛАТА ДЕПОНИЈА СО ЛИНДАН ВО ОХИС

На 15.04.2022 во просториите на Македонско еколошко друштво се одржа информативна средба за новинари и засегнати страни во врска со актуелното чистење на малата депонија со линдан во ОХИС. На средбата свои презентации во врска со процесот имаа претставници од Министерство за животна средина и просторно планирање, канцеларија за ПОПс, од фирмата изведувач на активностите, ПОЛИЕКО како и национален претставник за TAUW, надзор, контрола и мониторинг на спроведување активностите за отстранување на линдан и контаминирана почва со линдан од мала депонија во ОХИС.