Проект за отстранување на техничките и економски бариери заради трансфер на технологии за ремедијација на локациите контаминирани со αHCH, βHCH и линдан во Република Македонија

Март 2015 до денес: „Проект за отстранување на техничките и економски бариери заради трансфер на технологии за ремедијација на локациите контаминирани со αHCH, βHCH и линдан во Република Македонија – ОХИС“

Имплементациона агенција: UNIDO.
Финансиска помош – грант: GEF (Глобален Еколошки Фонд)
Одговорна институција: Министерство за животна средина и просторно планирање – Канцеларија за POPs.
| GEF_5_UNIDO_CEO_En_Macedonia_4835_signed [преземи pdf документ]

Со цел да се реши долгогодишниот проблем со техничкиот HCH отпад (линдан и неговите изомери) депониран во кругот на фабриката ОХИС, Министерството за животна средина и просторно планирање преку својата проектна канцеларија за перзистентни органски загадувачи (POPs) е во процес на реализација на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС“.


Tендерски повик

Како резултат на подготвителните активности во изминатиот период, беше комплетирана целосна документација за објавување на меѓународен тендер од страна на агенцијата одговорна за имплементација на проектот United Nations Industrial Development Organization (UNIDO), за избор на најдобро решение/технологија за деконтаминација на малата депонија сместена во кругот на ОХИС.

Тендерот е објавен на 15.10.2019 година.

Подолу е линкот до тендерот на веб страната на UNIDO:

Notices | UNIDO | Event No. 1100127349

Известување: UNIDO, агенцијата одговорна за имплементација на проектот, го продолжи крајниот рок за поднесување на понуди до 16.12.2019.