Канцеларија за неразградливи органски загадувачи

Република Македонија е членка на Стокхолмската конвенција за перзистентните органски загадувачи уште од самиот почеток кога заедно со останатите 156 земји во светот го потпиша договорот за членство на конвенцијата, а потоа и ја ратификуваше истата во Собранието на РМ во 2004 година.

Од 2002 година со формирањето на проектната Канцеларија за неразградливи органски загадувачи во рамките на Министерството за животна средина и просторно планирање, започнаа интензивни активности за исполнување на обврските кон оваа Конвенција и приклучување кон глобалната акција за редукција и елиминација на 12те POPs хемикалии, на кои подоцна им беа придодадени уште 11 хемикалии со слични особини.

Во изминатиот период од 2002 година до денес Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи има успешно реализирано дваесетина проекти на полето на имплементација на Стокхолмската конвенција, но и пошироко и сеопфатно безбедно управување со хемикалии. Проектната канцеларија за POPs е посветена на целосно спроведување на обврските кон Стокхолмската конвенцијата, приближување на земјата кон глобалните текови во примената на најсовремени пристапи за безбедно управување со хемикалии. Тимот на Канцеларија за POPs е активно вклучена во меѓународните, регионалните и билатерални соработки со сите релевантни чинители активни во глобалната мрежа за безбедно управување со хемикалиите.

Временска рамка - Проекти

Нашиот тим

Сузана АНдонова
Проект Координатор

Александарт Мицковски
Проект Менаџер