Активности за изнаоѓање на решенија за ремедијација на HCH (линдан) во ОХИС, Скопје

Јануари 2005 – јули 2010: Активности за изнаоѓање на решенија за ремедијација на HCH (линдан) во ОХИС, Скопје


Корисник: Влада на Република Северна Македонија
Донаторска институција: Влада на Република Италија, Влада на Република Чешка, Европска агенција за реконструкција
Национално извршно тело: Канцеларија за POPs/ Министерство за животна средина и просторно планирање
Вредност на проектот: EUR 550,000
Времетраење на проектот: 2005 – 2010

Прелиминарните активности за истражување на историското загадување со изомерите на хексахлорциклохексан (HCH) складиран во кругот на ОХИС настанат при производството на линданот, беа реализирани во рамките на Националниот имплементационен план (НИП) за редукција и елиминација на перзистентнтите органски загадувачи (POPs) во Република Македонија.

Отстранувањето на хексахлорциклохексанот (HCH) е идентификувано во НИП-от како тринаесетти приоритет.
Потоа следеа истражувања за утврдување на точните количини складирани во кругот на ОХИС, како и степенот на контаминација на почвата и другите медиуми.

Неколку физибилити студии (UNEP 2001, Eptisa 2007, Enacon 2007-2008, D’appolonia 2010) беа изготвени во насока на изработка на концептуални дизајни за ремедијација на HCH (линдан) во ОХИС.
Одреден број на истражувања беа спроведени како основа за изработка на овие студии со различни опции за конечна ремедијација на HCH.

Овие студии даваат предлози и евалуација на алтернативните акции за ремедијација во насока на редукција и/или елиминација на ризиците поврзани со присуството на HCH во отпадните депонии (површинските и длабинските слоеви на почва контаминирани со HCH), како и во околината на депониите.

OHIS Site Remediation Project – Conceptual Design

OHIS Site Remediation Project – Presentation of the Conceptual Design & Remedial Options – Drawings