Канцеларија за неразградливи органски загадувачи

 

 

Национален имплементационен план за намалување и елиминација на POPs во Р. Македонија

Прирачник за PCBs

 

Тековни проекти:

Активности: Мај 2004 - Декември 2006

Проект 1:

"Подигање на јавната свест на полето на еколошките аспекти на PCB" - Во соработка со ETI - Швајцарска помош - SECO.

Статус на имплементација: Во финална фаза

Цели на проектот: Да се запознае пошироката популација и различните целни групи со еколошкиот проблем на PCB за да се постигне повисоко ниво на информираност и јавна свест за третманот на овие хемикалии.

Национална Кампања за подигање на јавната свест на полето на полихлорираните бифенили

Со цел да ја поддржи Канцеларијата за POPs и да се избегнат недоразбирањата и стравовите од непознатото, се дојде до заклучок дека една програма за подигање на јавната свест за релевантните субјекти и генералната популација во Македонија, би била особено корисна не само за финализирање на проектот "Програмата за ефикасна дистрибуција на енергија", туку и за сите идни активности на полето на перзистентните органски загадувачи во Република Македонија, воопшто.

Задачите на овие активности беа да се вклучат сите организации и стопански субјекти како и пошироката популација во една кампања за подигање на јавната свест, а која ќе се состои од изработка и дистрибуирање на брошура која ќе ги содржи сите релевантни информации пропратена со серија од работилници кои ќе обработуваат проблеми од областа на POPs/PCBs хемикалиите.

Брошури

Заснован на "Прирачникот за PCBs во електрична опрема", кој беше подготвен за Канцеларијата за POPs и за сите субјекти кои беа вклучени во "Програмата за ефикасна дистрибуција на енергија", беше изработена брошура "Полихлорирани бифенили PCBs - редукција и елиминација" која беше публикувана и дистрибуирана низ цела Македонија, на тема PCBs и управување со PCBs. Оваа брошура беше заеднички елаборирана со консултантската куќа ETI и дава витални информации за тоа: Што се PCBs? Каде може да се најдат? Како може да му наштетат на човекот и животната средина? Кои се обврските на Македонија кон Стокхолмската Конвенција во однос на POPs хемикалиите? Како се идентификуваат и обележуваат PCBs, каква заштитна опрема е потребна при ракување со нив и при отстранување на контаминираната опрема. За секој кој е заинтересиран за овие информации,брошурата ќе биде достапна во Канцеларијата за POPs.

Истотака гореспоменатиот прирачник кој иницијално беше специјално подготвен за теренските тимови во ЕСМ беше преработен и прилагоден за останатите субјекти во индустријата за да опфати поголем број на стручни лица кои се занимаваат со оваа проблематика. Оваа верзија беше испечатена во 30 примероци и врачена на учесниците на последната едукативно информативна работилница наменета за секторот Индустрија

Во Октомври, 2006 беше публикувана и англиска верзија на "Полихлорирани бифенили PCBs - редукција и елиминација" во 100 копии со цел да биде достапна и за соработниците од другите земји. Канцеларијата за POPs како ко-организатор на Регионалната TAIEX "Работилница за управување со PCB отпад" (Скопје , 16-17, Ноември,2006) ја искористи можноста да го елаборира успешно завршениот проект на отстранување на нисконапонските кондензатори и во исто време да ја промовира англиската PCB брошура.

Во рамките на кампањата Канцеларијата за POPs во соработка со ETI предложија голем број на настани и активности и тоа:

  • Предавања во училишта
  • Национални работилници посветени на различни целни групи
  • Регионални работилници специјално подготвени за стручните лица кои ракуваат и управуваат со опрема која може да е контаминирана со PCB
  • Учество на ТВ емисии кои обработуваат теми од областа на животната средина со посебен акцент на PCBs хемикалиите.

На 5ти Јуни, денот на планетата Земја, во Средното Техничко Училиште”Панче Арсовски” во Скопје, беа одржани предавања од страна на Канцеларијата за POPs , на тема POPs/PCBs и притоа беа поделени и брошури.

Во текот на периодот Јуни –Декември,2006.Канцеларијата за POPs соработуваше со повеќе училишта кои во рамките на своите образовни активности работат во областа на заштита на животната средина. Канцеларијата притоа им помагаше во обезбедување литература, брошури и сл.

Национални работилници

Првата Работилница на Национално ниво се одржа на 15ти Септември, 2006 на која беа поканети Медиумите и Невладините организации како две многу важни целни групи кои можат да придонесат кон оваа кампања. Беа присутни 75 учесници.Беа презентирани следните предавања:

  • Сузана Андонова, Канцеларија за POPs:
    Промоција на брошурата “Полихлорирани бифенили PCBs -редукција и елиминација”
  • Urs K. Wagner-ETI, Switzerland:
    "Програмата за ефикасна дистрибуција на енергија" - Општо за PCBs и PCBs во електрична опрема.
  • Александар Мицковски-Канцеларија за POPs:
    Презентација на резултатите од проектните активности за "Елиминација на застарените залихи на пестициди складирани во Градскиот завод за здравствена заштита-Скопје"

Учесниците истотака добија по еден примерок од PCBs брошурата.

Работилница - Маврово Работилница - Маврово

Работилница за Медиуми и НВО, Маврово

Втората работилница која беше одржана на 27ми Октомври, 2006 беше наменета за здравствените работници. Беа присутни 80 учесници. Целта на оваа работилница беше да се запознаат здравствените работници со особините и карактеристиките на POPs и PCB и примена на сознанијата во нивната секојдневна пракса, советувајќи ја и препорачувајќи и на популацијата како да ги избегне опасностите од овие хемикалии.Беа одржани следните предавања:

  • Сузана Андонова, Канцеларија за POPs – Проектни активности на Канцеларијата за POPs
  • Urs K. Wagner, ETI, Switzerland – Основни податоци за PCBs и Пионер проектот за отстранување на PCBs во ЕСМ.
  • Проф.Др. Драган Ѓорѓев-Директор на Републичкиот завод за здравствена заштита- Здравствени, еколошки и епидемиолошки аспекти на PCBs и POPs хемикалиите
  • Проф.Др. Мирјана Кочова-Медицински факултет, Клиника за детски болести- POPs и ендокрините пореметувања
  • Александар Стојанов, Директор на градскиот завод за здравствена заштита - Скопје - Презентација на искуството "Елиминација на застарени залихи на пестициди од просториите во Чаир"

Трета работилница беше организирана на 4ти Декември, 2006 и беше наменета за стручните лица од индустрискиот сектор кои можат директно да бидат изложени на PCBs и претставници на релевантните Министерства (Економија, Труд и социјална политика, и Транспорт и врски). Учествуваа 30 учесници.

  • Сузана Андонова, Канцеларија за POPs – PCBs ,Здравствени ефекти и Проектни активности на Канцеларијата за POPs.
  • Urs K. Wagner, ETI, Switzerland- PCBs, Полихлорирани бифенили-Историја и примена и Преглед на пионер проектот за отстранување на PCBs во Република Македонија.
  • Александар Мицковски, Канцеларија за POPs – Искуствата од пописот и анализите на PCB во земјата
  • Каја Шукова- МЖСПП, Раководител во Секторот за одржлив развој. -Институционални и правни аспекти во управувањето со хемикалиите во Република Македонија
Работилница за здравствен сектор, Скопје Работилница за индустрија и Министерства

Работилница за здравствен сектор, Скопје

Работилница за индустрија и Министерства

Регионални работилници

Трите регионални работилници се планира да се одржат на различни локации во Централна , Источна и Западна Македонија. Тие се подготвени за стручните лица кои управуваат и ракуваат со опремата која содржи PCB и заинтересираните лица од пошироката јавност на соодветниот регион.

Публикувани информации

Во текот на "Програмата за ефикасна дистрибуција на енергија" и кампањата многу статии и написи во Македонските медиуми беа објавени со цел да ја приближат проблематиката до пошироката јавност.

Активности на Канцеларијата за POPs

На полето на подигање на јавна свест за перзистентните органски загадувачи, Канцеларијата за POPs е постојано активна со учество на радио и ТВ емисии од областа на екологијата, одржува предавања во училиштата. Исто така,во рамките на овие активности, Канцеларијата има изработено постер и пропаганден материјал каде анимиран антијунак е претставен во улога на POPs хемикалии.