Канцеларија за неразградливи органски загадувачи

 

 

Национален имплементационен план за намалување и елиминација на POPs во Р. Македонија

Прирачник за PCBs

 

“Управување со трансформаторските масла кои содржат PCBs во Електростопанство на Македонија."

Националниот имплементационен план (НИП) за Стокхолмската конвенција го идентификува проблемот со полихлориранитебифенили (ПХБ) за еден од врвните приоритети кој бара итно внимание и акција. Имплементацијата на овие прииоритети ќе и помогне на земјата во исполнувањето на обврските кон Стокхолмскаат конвенција за перзистентните органски загадувачи ќе придонесе за подобрување на состојбата во животната средина и ќе ги редуцира и елиминира опасностите кои ПХБ ги предизвикуваат за човековото здравје.

Цели на проектот

Долгорочна цел на проектот е да превенира и конечно отстрани емисиите на ПХБ во животната средина преку зајакнување на националните капацитети во управувањето со ПХБ.

Непосредна цел на проектот е да ги зајакне националните капацитети во управувањето со ПХБ со цел да се имплементира НИПот и да се исполнат обврските од Стокхолмската конвенција поврзани со управувањето со ПХБ.

Целта на проектот е да се редуцираат и елиминираат опасностите кои ги предизвикува ПХБ по човековото здравје и животната средина, преку воспоставување на систем за еколошки прифатливо управување со опремата и отпадот кои содржат ПХБ, вклучувајќи ја легислативата, институционалните и техничките капацитети и зајакнување на јавната свест.

Очекувани резултати

Од проектот се очекува да:

  • Воспостави блиска координација помеѓу сите страни инволвирани во неговата имплементација;
  • Воспостави систем за еколошки прифатливо управување со ПХБ вклучувајќи ја легислативата како и технички стандарди за ракувањето со ПХБ опремата и третманот на ПХБ отпадот;
  • Изготви детален инвентар на ПХБ во демонстрационите области (избрана индустрија и јавен сектор) и да донесе проценки за присуството на ПХБ на територијата на целата земја; Имплементира систем за еколшки прифатливо управување со опремата и отпадот кои содржат ПХБ во демонстарционите компании (собирање, транспорт, времено складирање и отстранување), вклучувајќи и изработка на детални планови за отстранување на ПХБ отпадот;
  • Изгради времено складиште за ПХБ отпадот;
  • Идентификува најефикасната технологија за отстранување на ПХБ;
  • Отстрани 150 тони на ПХБ контаминирани трансформатори;
  • Воспостави механизам за генерирање на средства со цел постигање на финансиска одржливост;
  • Подигне јавната свест за еколошки прифатливо управување со ПХБ опремата, преку интезивна комуникација, тренинзи на професионалците и НВО и преку начини за јавно информирање (брошури, прирачници, интервјуа и сл.)

Проектот всушност дава можност за навлегување во финалната фаза на идентификација и инвенторизација на опремата и маслата кои содржат ПХБ во Република Македонија. Преку дизајнирање и конструкција на времен склад за опрема која содржи ПХБ се затвора циклусот за управување со опремата со ПХБ во земјата, и што е уште поважно се дава можност на индустријата која поседува ПХБ-опрема да управува со неа на еколошки прифатлив начин.