Канцеларија за неразградливи органски загадувачи

 

 

Национален имплементационен план за намалување и елиминација на POPs во Р. Македонија

Прирачник за PCBs

Активности за изнаоѓање на решенија за ремедијација на HCH (линдан) во ОХИС, Скопје

Времетраење: 2005 - 2010

Донаторска институција: Влада на Италија, Влада на Чешка, Европска агенција за реконструкција

Национално извршно тело: Канцеларија за POPs/ Министерство за животна средина и просторно планирање

Прелиминарните активности за истражување на историското загадување со HCH во ОХИС, беа реализирани во рамките на Националниот имплементационен план (НИП) за редукција и елиминација на Перзистентнтите органски загадувачи (POPs) во Република Македонија, кој план следеше на ратификацијата на Стокхолмската конвенција во Март 2004 година. Соодветното отстранување на HCH е идентификувано во НИПот како тринаесети приоритет.

Неколку физибилити студии (UNEP 2001, Eptisa 2007, Enacon 2007-2008, D’appolonia 2010) беа изготвени во насока на изработка на концептуални дизајни за ремедијација на HCH (линдан) во ОХИС.

Одреден број на истражувања беа спроведени како основа за изработка на овие дизајни со различни опции за конечна ремедијација на HCH.

Овие студии даваат предлози и евалуација на алтернативните акции за ремедијација во насока на редукција и/или елиминација на ризиците поврзани со присуството на HCH во отпадните депонии (површинските и длабинските слоеви на почва контаминирани со HCH), како и во околината на депониите.

АЛТЕРНАТИВА 1:

Покривање на двете НСН депонии при што ќе се заштитат од понатамошни емисии и контаминации на животната средина вклучувајќи и третман на околната почва контаминирана со НСН

АЛТЕРНАТИВА 2:

Ископ на депонираниот НСН-отпад и контаминираната почва и отстранување надвор од кругот на фабриката во депонија специјално констурирана за конкретната намена

АЛТЕРНАТИВА 3:

Ископ на депонираниот НСН-отпад и контаминираната почва и третман на отпадот на лице-место со апликација на Технологија на хемиска редукција во гасна фаза (ГПЦР) и понатамошно третирање на почвата со биодеградација

АЛТЕРНАТИВА 4:

Ископ на депонираниот НСН-отпад и контаминираната почва и третман на отпадот со апликација на Технологијата на разградување со базен катализатор (бцд) и понатамошно третирање на почвата со биодеградација

Покрај HCH, локацијата на ОХИС е контаминирана со Cl, Hg и други загадувачи, кои беа земени во предвид во студиите како дополнителен проблем коишто треба да биде земен во предвид во текот на планирањето на активностите за чистење.

Врз база на симулациите користени за проценка на ризикот по здравјето на луѓето, а поради значителните количини на отпад/контаминирана почва и строгите цели на ремедијацијата, се изработи фазна ремедијација со следниве чекори:

  • Отстранување на основните извори на загадување (депонии на HCH) и третман на лице место и надвор од локацијата;
  • Демолирање на зградите и третман на опасниот отпад на лице место;
  • Отстранување на горниот слој на почва и ремедијација на почвата до постигнување на безбедни нивоа на резидуи за резиденцијални или комерцијални рецептори на лице место;
  • Ископување и третман на лице место на длабинскиот слој на почва надминувајќи ги нивоата на ремедијација калкулирани за резиденцијални и комерцијални сценарија;
  • Инсталација на хидраулична бариера и екстаркција и третман на загадената подземна вода на лице место (систем за испумпување и третман).

 

Проект за ремедијација на HCH отпадот во ОХИС – Концептуален дизајн – Д’Аполониа

 

ОХИС Фисибилити студија- ЕНАКОН

 

FEASIBILITY STUDY OHIS PLANT-EPTISA / ОХИС Фисибилити студија-ЕПТИСА