Канцеларија за неразградливи органски загадувачи

 

 

Национален имплементационен план за намалување и елиминација на POPs во Р. Македонија

Прирачник за PCBs

Проект за елиминација на отпад кој содржи лабораториски хемикалии од институтите за јавно здравје во Република Македонија

Корисник: Влада на Р. Македонија

Донаторска институција: SECO, Влада на Норвешка и Влада на Р. Македонија

Национално извршно тело: Министерство за животна средина и просторно планирање/ Канцеларија за ПОПс

Времетраење на проектот: 2010-2011

Конкретни цели на проектот се:

  • еколошки прифатливо управување со отпадните хемикалии опфаќајќи ги сите фаи од нивниот животен циклус;
  • воведување на безбедното управување со хемикалиите како редовна практика во целокупниот систем при управувањето со опасните хемикалии во земјава;
  • подигање на јавната свест на професионалците за начелата на почисто производство и минимизирање на отпадот во текот на идните лабораториски и други активности.

Очекувани резултати:

  • подготовка на инвентар на сите институции во зем јава кои манипулираат, управуваат, складираат и поседуваат отпадни хемикалии
  • изготвување на детална инвенторизација, карактеризација, класификација и квантификација на складираните хемикалии од Институтот за јавно здравје;
  • утврдување на опцијата за отстранување;
  • јакнење на капацитетите, преку тренинзи и прирачници, за безбедно управување со опасниот и неопасниот отпад и хемикалии во институците кои поседуваат складирани колочини на отпадни хемикалии;
  • подигање на јавната свест на професионалците кои ракуваат со овие хемикалии;
  • соодветно пакување и обележување на отпадните хемикалии земајќи ја во предвид меѓународната, ЕУ и домашната легислаиве во оваа област;
  • избор на најсоодветна локација за времено складирање;
  • транспортирање на отпадните хемикалии во согласност со националните меѓународните барања (Закон за транспорт на опасни супстанции, АДР, Базелска конвенција);
  • конечно отстранување (спалување) на отпадните хемикалии;
  • изработка на база на податоци за детална инвенторизација на отпадните хемикалии во Р. Македонија.

Главна цел на проектот е еколошки прифатливо отстранување на околу 10 тони на отпадни лабораториски хемикалии лоцирани во просториите на Институтот за јавно здравје и неговите оддели низ целата земја.