Канцеларија за неразградливи органски загадувачи

 

 

Национален имплементационен план за намалување и елиминација на POPs во Р. Македонија

Прирачник за PCBs

 

25-26 Септември, 2007
Охрид, Република Македонија
Воведна Работилница, Програмата за јавно приватно партнерство - Воспоставување на систем за управување со електричната опрема контаминирана со ПХБ во Република Македонија

На 25ти и 26ти Септември, 2007, Министерството за животна средина и просторно планирање/Канцеларија за ПОПс за да ги исполни барањата на Стокхолмската Конвенција, во соработка со ГТЗ и Envio Germany GmbH & Co. КГ организираа воведна работилница за имплементација на Програмата за јавно приватно партнерство - Воспоставување на систем за управување со електричната опрема контаминирана со ПХБ во Република Македонија.

Целата акција во земјата за управување со ПОПс хемикалиите се заснова на Националниот имплементационен план за редукција и елиминација на ПОПс кој е усвоен од Владата на Република Македонија во 2005. Како еден од приоритетите во НИП, веќе е во тек процесот на елиминација, но сеуште недостасуваат технички стандарди според кои треба да се ракува со опремата контаминирана со ПХБ и истата да се елиминира на соодветен начин. Во исто време, сопствениците на контаминирани трансформатори не се целосно запознаени со ризиците по животната средина и човекот при несоодветно ракување и складирање.

Целта на работилницата беше да се подигне јавната свест за проблемот со ПХБ и воведување во системот за управување со трансформаторите и кондензаторите контаминирани со ПХБ во Република Македонија.

За постигнување на оваа цел, оваа и наредните обуки ќе се одржуваат со претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање и другите инволвирани владини и невладини институции , како и институциите за заштита на животна средина во индустријата.

Низ обуките ќе се пренесат многу важни сознанија за регулативата и меѓународните договори, еколошки прифатливо складирање и транспорт на материјал контаминиран со ПХБ, а воедно и ќе се овозможи развој на прифатливи стратегии за привремено складирање. Во рамките на оваа програма ќе биде изработен и технички прирачник за безбедно ракување со ПХБ од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Исто така ќе биде спроведена информативна кампања за опасностите и безбедното ракување со трансформаторите и опремата контаминирана со ПХБ и следење во трите одбрани индустриски капацитети за детерминирање на бројот на постоечката опрема со ПХБ.

Помеѓу другите теми на работилницата, беа објаснети и правните обврски кои произлегуваат од Правилникот за управување со ПХБ кој стапи во сила во Април, 2007. (Службен весник на РМ, Бр. 48/2007).

Истовремено на работилницата беа презентирани и постери со едукативна содржина кои ги опфаќаа сите неопходни информации за ПХБ (технички, здравствени ...).

На работилницата присуствуваа повеќе од 80 гости од целата Република, кои покажаа особен интерес во оваа проблематика и земаа активно учество во отворените дискусии на истата тема.

Листа на документи достапни за преземање: