Канцеларија за неразградливи органски загадувачи

 

 

Национален имплементационен план за намалување и елиминација на POPs во Р. Македонија

Прирачник за PCBs

 

"Програма за ефикасна дистрибуција на енергија" - Компонента IV - Швајцарска помош - SECO

Проект наменет за Електростопанство на Македонија со кој и се помага на Република Македонија да ја замени опремата која содржи или е контаминирана со PCB.

Цели на проектот: Идентификација, обележување, попис, транспорт, привремено складирање и финално одлагање/уништување на опремата која содржи PCB во Националната компанија за производство и снабдување со енергија.

Во рамките на оваа компонента од проектот ЕСМ во соработка со Канцеларијата за POPs /Министерство за животна средина и просторно планирање и ETI (Environmental Technology Institution)од Швајцарија како компетентна консултантска агенција организираа две обуки за професионалните лица кои работат и ракуваат со PCB маслата и со опремата која содржи или е контаминирана со PCB. За овие обуки беа подготвени соодветни брошури (3): Обука : PCB прирачник : "Прирачник за PCB во електрична опрема"; "Упатстгво за безбедносни мерки и постапки"

Компонента IV: Замена на ниско и среднонапонските кондензатори кои содржат PCB.

Задачи на проектот: Идентификација, обележување, попис, привремено складирање, транспорт и финално одлагање/уништување на опремата која содржи PCB.

Имплементациона агенција во Министерството за животна средина и просторно планирање е Канцеларијата за POPs. Консултант на оваа компонента беше ETI (Environmental Technology International) – Switzerland, додека во ЕСМ беа назначени стручњаци кои ќе работат на Компонентата IV.

Активности на Канцеларијата за POPs во Компонентата IV во периодот 01.01.2005-30.11.2005

  • Беше подготвен инвентарот на нисконапонските кондензатори кои содржат PCB во ЕСМ Вкупниот број беше 996. Бројот на контаминирани кондензатори е 494, 150 од нив беа сомнителни заради тоа што недостасуваа идентификационите плочки а останатите 352 кондензатори не содржеа PCB. Во исто време сите кондензатори беа соодветно обележани со етикета.
  • Беше истотака спроведен попис и узоркување на трансформаторите. Вкупниот број на нисконапонски трансформатори е 1026. Како дополнување на ова, беше направен инвентар на високонапонските трансформатори во ЕСМ, ХЕЦ Маврово и во Раде Кончар каде се сервисираат трансформатори, ТЕЦ Битола, ТЕЦ Осломеј и ГП- Пелагонија. Сите трансформатори беа истотака правилно обележени со соодветни етикети.
  • Залихите на PCB беа истотака попишани. Вкупниот број на среднонапонски кондензатори во ЕСМ е 614. Вкупната тежина на залихите контаминирани со PCB е 20.929 kg.
  • Процесуирање на собраните податоци од еко картоните во специјално изработен софтвер.
  • 119 примероци кои беа земени во текот на теренските посети на подстаниците беа анализирани со помош на L2000DX анализатор.
  • Резултатите од анализите беа внесени во базата на податоци.Анализите направени со неспецифична метода покажаа дека концентрациите на хлор во 27 примероции го надминуваат лимитот од 50 ppm. Затоа, за да се верификува присуството на PCB во тие 27 примероци беа испратени во консултантската куќа ETI, Chur, Switzerland која соработуваше со ЕСМ и Канцеларијата за POPs на овој проект. Притоа од 27 примероци кај 3 беше потврдено присуството на PCB во концентација повисока од 50 ppm.
  • Во периодот Април, Мај и Јуни, Канцеларијата за POPs изврши превод и адаптација на “Прирачникот за PCB во електрична опрема” кој беше претходно подготвен од ETI.
  • Мај, 2005. Канцеларијата за POPs organizira{e javna tribina vo gradot Veles so cel da gi uveri gra|aните и градоначалникот на Велес дека локацијата за привремено складирање на собраните нисконапонски кондензатори е соодветна и нема да му наштети на локалното население. За жал предлогот беше одбиен.
  • Јуни, 2005. По разгледување на неколку локации од страна на претставници од ЕСМ, Канцеларијата за POPs и ETI, се одлучи потстаницата во Бутел, Скопје да биде централно складиште за целата количина.
  • Јуни и Септември, 2005. Беа спроведени теренски посети на подстаниците во Тетово, Гостивар и Кичево за да се утврди состојбата на сомнителните кондензатори.
  • Дефинирање на суспектните кондензатори и детерминирање на конечниот број на кондензатори кои содржат PCB.
  • Октомври 2005. Беше посетена Цементарницата Титан-Усје за да се направи попис на опремата (кондензатори) кои содржат. Вкупниот број на ниско и среднонапонски кондензатори беше 162.
  • Беше преведено и адаптирано "Упатството за безбедносни мерки и постапки" кое беше наменето за работниците кои ќе учествуваат во пакувањето на PCB кондензаторите.
  • Ноември, 2005 (22-24.11.2005) во соработка со ЕСМ и ETI, Канцеларијата ја организираше Втората обука за безбедно ракување, пакување и транспортирање која се состоеше од теоретски и практичен дел.

Активности на Канцеларијата за POPs во Компонентата IV во периодот 1.12.2005 - 1.06.2006

  • Декември 2005. Започна Нотификационата процедура за транспорт на PCB отпадот, вклучувајќи го тука договорот помеѓу ЕСМ и погонот за инценерација на опасен Валорец во Швајцарија, согласноста од страна на Швајцарското Министерство за животна средина Македонското Министерство за животна средина и просторно планирање . Сите контакти и коресподенцијата одеа преку Канцеларијата за POPs. Целата потребна документација беше обезбедена согласно одредбите на Базелската конвенцијата.
  • Јануари, 2006 - Јуни 2006. Канцеларијата за POPs ги координираше активностите поврзани со процедурата на нотификација за прекуграничен пренос на отпадот (Нотификација CH-0001772) а истовремено беше вклучена во следните активности:
    • Контрола на подстаниците за да се провери дали се совпаѓа пакувањето со товарните листови дадени во "Упатството за безбедносни мерки и постапки",
    • Контрола на транспортот на бурињата од сите подстаници до централното складиште во Бутел,
    • Контрола на централното собирно складиште во Бутел.
    • Прибирање и усогласување на целата царинска документација и траснпортните документи.
    • Асистенција на консултантите во супервизијата над утоварувањето и товарните листови на сите контејнери (4).
  • На 12ти Јули, 2006 контејнерите со PCB отпад пристигнаа во погонот за инценерација на опасен отпад во Valorec, Basel, Швајцарија каде беше согорен на еколошки прифатлив начин (на температура од над 1200° C)

Работна група на Компонентата IV

Марин Кочов – МЖСПП/Канцеларија за POPs - координатор
Александар Мицковски - МЖСПП/Канцеларија за POPs
Сузана Андонова - МЖСПП/Канцеларија за POPs
Антонио Неделков - МЖСПП/Канцеларија за POPs
Емилија Ќупева-Неделкова- МЖСПП/Канцеларија за POPs
Филип Ангеловски – Финикс Software Соработник на МЖСПП/Канцеларија за POPs
Вилма Миновска - ЕСМ - координатор
Велимир Сенков - ЕСМ
Стефан Пандилов- ЕСМ
Звездомир Тодоров - ЕСМ
Urs K. Wagner-ETI – Странски Консултант (Швајцарија)/ Координатор
Ueli Schneider - ETI
Francis de Haas - ETI

Понатамошни информации за проектот:

  • МЖСПП, Канцеларија за ПОПс, Скопје Г-дин Марин Кочов... ozonunit@unet.com.mk 02/3066 929
  • SECO, Bern, Herr Daniel Wild, Projektleiter, daniel.wild@seco.admin.ch, Tel. 031 324 08 30
  • ETI Umwelttechnik AG, Chur, Herr Urs K. Wagner, Geschäftsführer, wagner@eti-swiss.com, Tel. 081 253 54 54

Понатамошни информации за PCBs и POPs се достапни на следниве веб страни:

  • www.moepp.gov.mk | Веб страна на Министерството за животна средина и просторно планирање
  • www.pops.org.mk | Веб страна на Канцеларијата за POPs
  • www.seco-cooperation.ch | Веб страната на Државниот секретаријат за економски работи на Швајцарија
  • www.pops.int | Веб страна на Стокхолмската конвенција
  • www.eti-swiss.com | Веб страна на ETI
  • http://irptc.unep.ch/pops/default.html | Веб страна на UNEP за POPs