Канцеларија за неразградливи органски загадувачи

 

 

Национален имплементационен план за намалување и елиминација на POPs во Р. Македонија

Прирачник за PCBs

Проект за пакување и отстранување на старите залихи на токсични супстанции во Чаир/Градски завод за здравствена заштита - Скопје

  • Декември, 2005. Градскиот завод за здравствена заштита побара помош од Канцеларијата за POPs за конечна елиминација на залихите од DDT, MeBr и Cyclone B (Цијановодород) складирани во Службата за Дезинсекција, дезинфекција и дератизација во Чаир, Скопје. Имајќи ја предвид тековната соработка со Канцеларијата за економска соработка при Швајцарската Амбасада на проектот со ЕСМ , Канцеларијата за POPs побара финансиска подршка со која ќе се вклопи и оваа количина на опасен отпад заедно со веќе започнатата подготовка на PCB отпадот за транспорт и нивно отстранување на еколошки соодветен начин. Швајцарската Влада покажа огромно разбирање за овој проблем и се согласи со овој предлог.
  • Јануари, 2006. Од страна на ЕУРОМАК Контрол беше извршена експертиза на безбедноста за транспорт на цилиндрите со Метилбромид.
  • Март, 2006 - Јуни, 2006 - Канцеларијата за POPs учествуваше во следните активности поврзани со отпадот од ДДД службата при Градскиот завод за здравствена заштита:
    1. Подготовка, адаптација и превод на "Прирачник за правилно ракување и препакување на застарените залихи во ГЗЗЗ во Чаир" изработен од швајцарскиот консултант врз основа на претходно извршена инспекција на складираниот отпад;
    2. Потпишување на договор помеѓу ГЗЗЗ и погонот за инценерација за опасен отпад Valorec Services AG Basel. Обезбедување на потребни дозволи (за увоз, извоз и транзит) за прекуграничен пренос на опасен отпад согласно Базелска Конвенција;
    3. Набавка на опрема за препакување и заштитна опрема за работниците кои ќе го вршат препакување;
    4. Координација на целата Нотификациона процедура за прекуграничен пренос на застарените залихи (Нотификација CH-0003200)
    5. Супервизија и контрола на препакувањето на старите залихи на пестициди.
    6. Подготовка на царинска документација и нејзино усогласување со товарниот лист;
  • Август 23, 2006 - Асистенција на консултатнтите при супервизијата над утоварувањето на препакуваниот отпад согласно товарниот лист.
  • На 28 Август, 2006 овој отпад пристигна во Базел, и беше согорен на еколошки соодветен начин во погонот за инценерација Valorec Services AG Basel во рок од 48 часа.