Канцеларија за неразградливи органски загадувачи

 

 

Национален имплементационен план за намалување и елиминација на POPs во Р. Македонија

Прирачник за PCBs

 

Овозможувачки активности за олеснување на раното делување за имплементација на Стокхолмската конвенција за POPs во Република Македонија

Имплементација на проектот

Активности: Мај 2002 - Декември 2004

Поставување на институционална рамка

  1. По потпишувањето на Стокхолмската конвенција, беше формиран Надзорен комитет составен од претставници на повеќе институции (Министерства, Универзитет, приватен сектор, невладини организации) а кој беше одговорен за надзор при имплементација на проектот
  2. Во Мај 2002 беше формирана Националната канцеларија за POPs во рамките на Министерството за животна средина и просторно планирање. Нејзината задача беше координација при подготовката на НИП-от и имплементација на националниот имплементационен план и одредбите од Стокхолмската конвенција во иднина.

Финансиран од Глобалниот еколошки фонд (GEF) и имплементиран од UNIDO, Министерството за животна средина и просторно планирање /Канцеларијата за POPs во текот на 2004-та година го подготви првиот Национален имплементационен план за редукција и елиминација на POPs во Република Македонија. Документот беше усвоен на Влада во Јануари 2005.

Подготовката на НИП-от траеше две години. Националната канцеларија за POPs ги координираше сите проектни активности.

Фази на проектот

  1. Формирање на работни групи за подготовка на прелиминарни инвентари: Беа формирани пет работни групи за различни области од POPs (пестициди, PCB-полихлорирани бифенили, ненамерни продукти, легислатива и влијание врз животна средина и човекот)
  2. Подготовка на прелиминарни инвентари;
  3. Одредување на приоритети;
  4. Дефинирање на НИП-от и поддршка од релевантните чинители.

Резултати од проектот

НАЦИОНАЛЕН POPs ПРОФИЛ

  1. Попис на постоечката правна и институционална рамка поврзана со управувањето со POPs - Генерални заклучоци:
    • Не постои мулти-министерски и мултисекторски пристап во управувањето со POPs. Потребно е да се организира постојано координативно тело.
    • Постоечката легислатива е стара и се укажува потреба од апроксимација и хармонизација кон Европските и меѓународни договори.

  2. Прелиминари инвентари на POPs пестициди:
    • Во Република Македонија не се произведувале POPs пестициди. Законот за заштита на растенија ја забрани примената на POPs пестициди од 1982 година. Залихите од употребата на овие пестициди во минатото не се детално утврдени. Потребно е да се направат дополнителни анализи за евалуација на постоежката состојба. DDT,Токсафен, Ендрин анд Хексахлорбензен мора да бидат целосно забранети преку модификација на постоечката легислатива.
      Како важен дел од мониторинг системот во земјата треба да бидат редовните анализи за резидуи на органохлорни пестициди во увезената храна.

  3. Прелиминарни инвентари на PCBs:
    • Во Република Македонија, поголемиот дел од опремата и вкупната количина на масла се увезени. Прелиминарните инвентари беа спроведени врз база на вкупната количина на опрема во земјата, староста и типот на опремата. Врз основа на анализите направени на терен може да се каже дека околу 45-50% се контаминирани или секундарно контаминирани со PCBs.Во понатамошните активности ќе треба да се изврши идентификација, детални анализи и попис на количините на трансформаторски масла. Мора де се има предвид дека залихите на заменети масла кои содржат PCB сеуште егзистираат.

  4. Прелиминарни инвентари на DDT:
    • Во Република Македонија увозот и извозот на DDT е забранет уште 1982. Последната примена биле во 1973 за заштита на растенијата во шумските предели. Во текот на 2003 година изработен е прелиминарен инвентар на резидуи на DDT во почва и кравјо млеко, спроведен од страна на Канцеларијата за POPs. Застарените залихи на DDT се проценети на околу 2,5 тони. Управувањето со овие залихи е вклучено во еден од акционите планови од Националниот имплементационен план. Канцеларијата за POPs е инволвирана во процедурата за организирање на транспорт на залихите на DDT до инценераторот во Базел, Швајцарија за нивно конечно уништување.
    • Исто така потребно е да се направат дополнителни истражувања за други потенцијални залихи во земјата.

  5. Прелиминарни инвентари на диоксини (PCDDs) и фурани(PCDFs):
    • Согласно резултатите добиени со естимација (со помош на водич на UNEP за идентификација и квантификација на диоксини и фурани)најголемиот извор на емисии на диоксини и фурани е неконтролирано согорување и спалување на отпад (80%од емисиите во воздух).
    • Исто така спалувањето на отпад и производството на енергија и топлина можат да бидат сериозна закана за животната средина и човековото здравје.

НАЦИОНАЛНИ ПРИОРИТЕТИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО POPs

  1. Детална инвентаризација на POPs
  2. Формирање на национален POPs центар
  3. Дефинирање на жаришта
  4. Спречување на неконтролирано горење на отпадот
  5. Управување со отпад кој содржи PCBs и органохлорирани пестициди
  6. Изработка на нова и надградба на постојната легислатива
  7. Мониторинг на POPs-соединенијата
  8. Доопремување и обука на кадар
  9. Подигање на јавната свест и едукација
  10. Евалуација на штетните ефекти врз здравјето на хуманата популација
  11. Скрининг на биоакумулацијата на POPs
  12. Мерки за намалување на емисијата на диоксини и фурани
  13. Контрола на други полиароматични јаглеводороди

АКЦИОНИ ПЛАНОВИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО POPs

За да се трансформираат овие приоритети во активности вториот дел од Националниот имплеменатационен план содржи седумнаесет акциони планови. Тие ги објаснуваат најостварливите опции за исполнување на целите од НИП-от.

Сознанијата добиени при пописот се сметаат за појдовна точка, а акциите се базираат на ресурсите кои се идентификувани во него.

Понатамошни информации за POPs се достапни на следниве веб страни: