Канцеларија за неразградливи органски загадувачи

 

 

Електронска база на податоци за евиденција на PHB

 
Ажурирање на националниот имплементационен план за старите и нови неразградливи органски загадувачи - Инвентар на стари и нови POPs хемикалии (2013)

 
 
НАЦРТ-ПРОЦЕДУРИ за координирана имплементација на Стокхолмската, Базелската и Ротердамската Конвенција

 
 
Закон за почва

 

Нацрт-проценка на тековниот статус на имплементација на Базелската, Ротердамската и Стокхолмската конвенција во Република Македонија & Акционен план за синергија и координирана имплементација на Базелската, Ротердамската и Стокхолмската конвенција - Преземи документ (doc)


 

Република Македонија е членка на Стокхолмската конвенција за перзистентните органски загадувачи уште од самиот почеток кога заедно со останатите 156 земји во светот го потпиша договорот за членство на конвенцијата.

Од тогаш, со формирањето на проектната единица во рамките на Министерството за животна средина и просторно планирање, започнаа интензивни активности за исполнување на обврските кон оваа Конвенција. и приклучување кон глобалната акција за редукција и елиминација на 12те POPs хемикалии. Стокхолмската Конвенција беше ратификувана од Собранието на Република Македонија во 2004 година.

Почнувајки од првиот проект во Мај, 2002, „Овозможувачки активности за олеснување на раното делување за имплементација на Стокхолската Конвенција, Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи успеа да ги мобилизира и вклучи сите релевантни институции и експерти со цел да се изработи иницијален извештај за состојбата со 12 те POPs и Национален имплементационен план за редукција и елиминација.

Резултатите од овие активности се видливи и денес. Имено, беше изработен прелиминарен инвентар на 12те POPs, беа утврдени приоритетите и дефинирани акционите планови во рамките на еден целосен Национален Имплементационен План.

Република Македонија беше меѓу првите земји кои го добија овој проект, ја ратификуваа конвенцијата и изработија национален имплементатционен план, кој пак понатаму често пати им служеше на останатите земји да го користат како добар водич во нивната работа.

На овој начин, во изминатиот период од вкупно 10 години, Канцеларијата за POPs имплементираше 8 проекти на национално ниво, беше вклучена во имплементација на 3 регионални проекти чија цел беше да се редуцира или елиминира употребата , увозот, извозот и диспозиција на перзистентните органски загадувачи.

Национална проектна координативна единица

При крајот на април, 2002 година беше основана Национална проектна координативна единица при Министерството за животна средина и просторно планирање. Од 01.05.2002, проектната единица е потполно оперативна како Канцеларија за неразградливи органски загадувачи.

Задачи на Проектната едница се:

  • Основање и координирање на национална експертска мрежа;
  • Управување со проектот и интегрирање на различните резултати од работните тимови;
  • Иницијативи за подигање на јавната свест и
  • Идентификација и мобилизирање на меѓународна помош и партнерство.
Национален имплементационен план за намалување и елиминација на POPs во Р. Македонија   Прирачник за PCBs   Прирачник за PCBs