Канцеларија за неразградливи органски загадувачи

 

 

Национален имплементационен план за намалување и елиминација на POPs во Р. Македонија

 

Член 5

Мерки за редукција или елиминација на испуштања
од ненамерно производство
Секоја страна ќе преземе минимум мерки за редукција на целокупното испуштање на хемикалии од антропогени извори од листата во Прилог Ц со цел да се намалат или целосно елиминираат:

(а) ќе развие акционен план или ако е потребно и регионален или субрегионален акционен план во рок од две години од влегувањето во сила на оваа Конвенција за таа Страна, и ќе го имплементира како дел од имплементациониот план наведен во Член 7, кој се изготвува за да се идентификува, карактеризира и реши ослободувањето на хемикалии од листата на прилог Ц и да се овозможи имплементацијата на потставовите (б) до (е). Акциониот план ќе ги вклучи следните елементи:

(и) Оценување на тековните и идните испуштени хемикалии, вклучувајќи и развој и водење на инвентар на извори и проценки на ослободени хемикалии, земајќи ги во предвид категориите на извори идентификувани во Прилог Ц;

(ii) Проценка на ефикасноста на законите и политиките на страната за управување со ваквите испуштени хемикалии;

(iii) Стратегии за исполнување на обврските од овој став, земајќи ги во обзир проценките во (i) и (ii);

(iv) Чекори за промовирање на едукација и обука во врска со овие стратегии;

(v) Ревизија на овие стратегии секои 5 години и оценување на успехот во исполнувањето на обврските од овој став; овие ревизии ќе бидат вклучени во поднесените извештаи според Член 15;

(vi) План на имплементацијата на акциониот план, и стратегиите и мерките ;

(б) Да се промовира апликацијата на расположливи, можни и практични мерки со кои ќе се постигне ефикасно и значително намалување на испуштени хемикалии или елиминација на извори;

(ц ) Да се промовира развој и, каде е потребно, да се бара употреба на супститутивни или модифицирани материјали, производи или процеси, за да се спречи создавање и ослободување на хемикалии од листата во прилог Ц, имајќи ги предвид општите насоки за мерки за заштита и редукција на ослободени хемикалии во Прилог Ц и насоките кои треба да се усвојат со одлука на од Конференцијата на страните;

(д) Да се промовира и, во согласност со програмата за имплементација на акциониот план, бара употреба на најдобри техники за нови извори во рамките на категории на извори за кои страната смета дека бараат таква акција во акциониот план, со фокусирање на категории на извори идентификувани во дел II од прилог Ц. Во секој случај барањето да се користат најдобри техники за нови извори во категориите на листата во дел II од тој прилог ќе биде упатено кога е најпогодно, но не подоцна од 4 години од влегување во сила на Конвенцијата за таа страна. За идентификуваните категории страните ќе промовираат примена на најдобри еколошки практики. Кога се користат најдобрите техники и најдобрите еколошки практики, страните треба да ги имаат предвид насоките за мерки за заштита и и редукција на ослободени хемикалии во тој прилог и препораките за најдобри техники и најдобри еколошки практики да бидат усвоени со одлука на Конференцијата на страните;

(е) Да се промовира, во согласност со акциониот план, користење на најдобри техники и најдобри еколошки практики:

(i) За постојните извори, во рамките на категориите извори во
дел II од прилог Ц и во рамките на категориите како оние од дел III од тој прилог; и

(ii) За нови извори, во рамките на категории на извори како оние од дел III од прилог Ц кои страната не ги навела под подставот (д).

Кога применуваат најдобри техники кои се на располагање и најдобри еколошки практики, страните треба да ги имаат во предвид општите насоки за мерки за заштита и редукција на ослободени хемикалии од прилог Ц и препораките за најдобри техники и најдобри еколошки практики да бидат усвоени со одлука на Конференцијата на Страните;

(ф) За целите на овој став и прилог Ц:

(i) Најдобри техники на располагање значи најефективна и најнапредна фаза во развојот на активности и нивни методи на работа кои покажуваат практична погодност на одредени техники за обезбедување на основата за ограничување на ослободени хемикалии со цел спречување и, каде тоа не можно, намалување на ослободени хемикалии од листата на дел I од прилог Ц и нивното влијание врз животната средина во целина. Во овој поглед:

(ii) Техники значи технологијата која се користи и како е инсталацијата е дизајнирана, изградена, како се одржува и како се оперира со неа;
(iii) На располагање значи оние техники кои се достапни за операторот и тие се развиени на степен кој овозможува имплементација во релевантниот индустриски сектор, под економски и технички погодни услови, во поглед на трошоци и предности; и

(iv) Најдобри значи најефективни во постигнување на високо ниво на заштита на животната средина во целина;

(v) Најдобри еколошки практики значи примена на најсоодветна комбинација на еколошки контролни мерки и стратегии;

(vi) Нов извор значи било кој извор чија изградба или значителна модификација е започната најмалку една година по датумот на :

а. Влегување во сила на оваа Конвенција за засегнатата страна; или

б. Влегување во сила за таа страна на амандманот на Прилог Ц каде изворот станува предмет на одредбите на оваа Конвенција само врз основа на тој амандман.

(г) Границите на ослободување хемикалии или стандардите за перформанс можат да се користат од Страната за да таа ги исполни обврските за најдобри техники на располагање според овој став.

Член 6

Мерки за редукција или елиминација на ослободени хемикалии
од резерви и отпад

1. Со цел да се утврди дека, резервите кои се состојат или содржат хемикалии наведени во прилог А или прилог Б и отпад , вклучувајќи производи и артикли кои станале отпад, кој се состои или содржи или е контаминиран со хемикалии од прилог А, Б или Ц, се отстранети на начин кој не го загрозува човековото здравје и животната средина, Секоја страна треба:

(а) Да развие соодветна стратегија за идентификација на:

(i) резерви кои содржат хемикалии од листат на прилог А или
прилог Б;
(ii) Производи и артикли кои се користат и отпад кој содржи или е контаминиран од хемикалии од прилог А, Б или Ц;
(б) Да ги идентификува резервите кои содржат хемикалии наведени во прилог А или прилог Б врз основа на стратегиите на кои се однесува подстав (а);
(ц) Да ги отстрани резервите на ефикасен и еколошки здрав начин. Резервите на хемикалии од прилог А или прилог Б, откако тие не се дозволени за употреба според било кое изземање наведено во прилог А или посебно изземање или прифатлива цел наведена во прилог Б, освен резерви кои се дозволени за извоз според став 2 од член 3 ќе се сметаат за отпад и ќе бидат отстранети во според подстав (д);

(д) да преземе сооддветни мерки така што таквиот отпад , вклучувајќи производи и артикли кои станале отпад:

(i) да се собере, транспортира и складира на здрав еколошки начин;
(ii) да се отстрани така што неразградливиот органски загадувач е уништен или неповратно трансформиран и не покажува повеќе карактеристики на неразградлив органски загадувач или е поинаку отстранет на здрав еколошки начин кога неговата деструкција или неповратна трансформација не претставува еколошка опција која се преферира или количината на неразградливиот органски загадувач е ниска според меѓународните прописи, стандарди и насоки, вклучувајќи ги и оние кои можат да се развијат според став 2 и релевантните глобални и регионални режими според кои се управува со опасниот отпад ;
(iii) да не биде подложен на отстранување кое ќе води до обновување, рециклирање, директна реупотреба или алтернативна примена на неразградливите органски загадувачи;
(iv) да не се транспортира преку меѓународни граници без да се почитуваат меѓународните прописи, стандарди и насоки;

(е) да се вложат напори за развој на соодветни стратегии за идентификација на локации контаминирани од хемикалии од прилог А, Б или Ц; доколку се преземат активности на обновување на тие локации тоа да се изврши на еколошки здрав начин.

2. Конференцијата на страните тесно ќе соработува со соодветните тела на Базелската Конвенција за контрола на прекуграничен транспорт на опасен отпад и негово отстранување и, помеѓу другото:
(а) ќе утврди ниво на деструкција и неповратна трансформација потребно за да се осигура дека карактеристиките на неразградливите органски загадувачи не се веќе присутни како што е наведено во став 1 од прилог Д;
(б) ќе ги утврди методите за еколошки здраво отстранување погоре споменато; и
(ц ) ќе работи на утврдување на нивото на концентрацијата на хемикалиите од прилог А, Б и Ц со цел да се одреди ниската количина на неразградливи органски загадувачи спомената во став 1 (д) (ии).

Член 7

План за имплементација

1. Секоја страна:
(а) Ќе развие и имплементира план за имплементација на своите обврски според оваа Конвенција;
(б) Ќе го испрати својот план за имплементација до Конференцијата на страните во рок од две години од датумот на влегување на Конвенцијата во сила за оваа страна; и
(ц) Ќе го ревидира и ажурира, кога е потребно, планот за имплементација на периодична основа и на начин кој ќе биде утврден со одлука на Конференцијата на страните.

2. Страните, каде е потребно, ќе соработуваат директно или преку глобални, регионални или субрегионални организации, и ќе се консултираат со своите национални заинтересирани страни, вклучувајќи и групи на жените и групи вклучени во здравјето на децата, со цел да овозможат развој, имлементација и обновување на нивните планови за имплементација.

3. Страните ќе се стремат да ги применат и, каде што е потребно, да ги утврдат средствата за интеграција на националните планови за неразградливи органски загадувачи во нивните стратегии за одржлив развој.

Член 8

Вклучување на листа на хемикалии во прилог А, Б и Ц

1. Страната може да поднесе предлог до Секретаријатот за вклучување на една хемикалија во прилог А, Б и/или Ц. Предлогот треба да ги содржи информациите наведени во прилог Д. Секретаријатот и/или другите страни можат да и помогнат на страната во подготвувањето на предлогот.

2. Секретаријатот треба да потврди дали предлогот ги содржи информациите наведени во прилог Д. Доколку Секретаријатот е задоволен со содржината на бараните информации, ќе го испрати предлогот до Комитетот за преглед на неразградливи органски загадувачи.

3. Комитетот ќе го разгледа предлогот и ќе ги примени критериумите за селекција наведени во прилог Д на еден флексибилен и транспарентен начин, земајќи ги предвид сите информации на интегрален и одмерен начин.

4. Доколку Комитетот заклучи дека:

(а) Критериумите за селекција се исполнети на задоволителен начин, ќе го испрати, преку Секретаријатот, предлогот и проценката на Комитетот до сите страни и набљудувачи и ќе ги повика да поднесат информации како што е наведено во прилог Е; или
(б) Критериумите за селекција не се исполнети на задоволителен начин, ќе ги информира сите страни и набљудувачите и ќе им го даде на увид предлогот и проценката на Комитетот преку Секретаријатот, и ќе го отфрли предлогот.

5. Страната може повторно да поднесе предлог кој бил отфрлен еднаш од Комитетот во согласност со став 4. Повторното поднесување може да вклучи причини и оправданост за дополнително разгледување на предлогот од Комитетот. Доколку, следејќи ја постапката, Комитетот повторно го отфрли предлогот, страната може да поднесе приговор на одлуката на Комитетот и Конференцијата на страните ќе го разгледа предметот на својата наредна седница. Конференцијата на страните може да одлучи, врз основа на критериумите за селекција од прилог Д и проценката на Комитетот и други дополнителни информации добиени од било која страна или набљудувач, предлогот да биде проследен.

6. Во случаи кога Комитетот заклучил дека критериумите се исполнети , или Конференцијата одлучила предлогот да се проследи, Комитетот дополнително ќе го разгледува предлогот, вклучително и добиените релевантни информации и ќе подготви нацрт-профил на ризик во согласност со прилог Е. Преку Секретаријатот, Комитетот ќе го даде овој нацрт на увид на сите страни и набљудувачи, ќе побара технички коментари за него кои ќе ги вгради во финалниот профил.

7. Доколку, врз основа на профилот за ризик подготвен во согласност со прилог Е, Комитетот заклучи:

(а) дека хемикалијата може при далекусежен прекуграничен транспорт да доведе до значајни негативни влијанија врз здравјето на луѓето и/или врз животната средина, така што ќе биде потребна глобална акција, предлогот ќе биде проследен. Непостоење доволно научни докази нема да го попречат проследувањето на предлогот. Комитетот, преку Секретаријатот, ќе побара од сите страни и набљудувачи информации во врска со ставовите во прилог Ф. Потоа ќе подготви оценка за постапување со ризик која ќе вклучува анализа за можни мерки на контрола за хемикалијата во согласност со овој прилог; или
(б) дека предлогот нема да биде проследен, Комитетот, преку Секретаријатот, ќе го даде профилот за ризик на увид на сите страни и набљудувачи и ќе го отфрли предлогот.

8. За предлозите кои се отфрлени според став 7 (б), страната може да побара Конференцијата на страните да го разгледа предметот и да го инструира Комитетот да побара дополнителни информации од страната која поднесува предлог и од другите страни во рок не повеќе од една година. По истек на тој рок и врз основа на добиените информации, Комитетот повторно ќе го разгледа предлогот во согласност со став 6 со приоритет да биде одлучено од Конференцијата на Страните. Доколку, следејќи ја постапката , Комитетот повторно го отфрли предлогот, страната може да даде приговор на одлуката на Комитетот, и Конференцијата на страните ќе го разгледа предлогот на својата наредна седница. Конференцијата на страните може да одлучи, врз основа на профилот за ризик подготвен според прилог Е и имајќи ја предвид оценката на Комитетот и дополнителните информации од страните и набљудувачите, предлогот да биде проследен. Доколку Конференцијата на страните одлучи предлогот да биде проследен, Комитетот ќе треба да подготви оценка за постапување при ризик.

9. Комитетот, врз основа на профилот на ризик од став 6 и оценката за постапување при ризик од став 7 (а) или став 8, ќе препорача дали хемикалијата треба да биде разгледана од Конференцијата на страните за вклучување на листата во прилог А, Б и/или Ц. Конференцијата на страните, во согласност со препораките на Комитетот, вклучувајќи ги и недоволните научни докази, ќе одлучи, со доза на претпазливост, дали да ја вклучи хемикалијата во прилог А, Б и/или Ц, и ќе утврди мерки за контрола во врска со неа.

Член 9

Размена на информации

1. Секоја Страна ќе овозможи или преземе размена на информациите во врска со:

(а) Редукција или елиминација на производство, користење или ослободување на неразградливи органски загадувачи; и
(б) Алтернативи на неразградливите органски загадувачи, вклучувајќи информации за опасноста од нив како и економските и социјалните трошоци за нив.

2. Страните ќе разменат информации на кои се однесува став 1 директно или преку Секретаријатот.

3. Страните ќе назначат национален координатор (focal point) за размена на информации.

4. Секретаријатот ќе служи како механизам на клириншка куќа за информации за неразградливи органски загадувачи, вклучувајќи и информации обезбедени од страните, меѓувладините и невладините организации.

5. За целите на Конвенцијата, информациите за здравјето и безбедноста на луѓето и животната средина нема да се сметаат за доверливи. Страните кои разменуваат други информации во врска со оваа Конвенција ќе заштитат секакви доверливи информации за кои заеднички ќе се согласат.

следна страна