Канцеларија за неразградливи органски загадувачи

 

 

Национален имплементационен план за намалување и елиминација на POPs во Р. Македонија

 

На 23ти Мај 2001 година Македонија ја потпиша Стокхолмската конвенција за перзистентни органски загадувачи, а на 19ти Март 2004 година таа беше ратификувана во Собранието на Република Македонија.

СТОКХОЛМСКА КОНВЕНЦИЈА ЗА НЕРАЗГРАДЛИВИ ОРГАНСКИ ЗАГАДУВАЧИ

Страните на Конвенцијата,

Утврдувајќи дека неразградливите органски загадувачи имаат токсични особини, отпорни се на разградување, се акумулираат во живи организми и се пренесуваат преку воздух, вода и миграторни видови, преку меѓународните граници и се одложуваат далеку од нивното место на ослободување, каде се акумулираат во копнени и водени екосистеми,

Свесни за здравствените проблеми, особено во земјите во развој, кои се резултат на локално изложување на неразградливи органски загадувачи, поточно влијанието врз жените и преку нив на идните генерации,

Утврдувајќи дека арктичките екосистеми и нативните заедници се посебно изложени на ризик заради биомагнификацијата на неразградливите органски загадувачи и дека контаминацијата на нивната традиционална храна е јавно здравствено прашање,

Свесни за потребата од глобална акција за неразградливите органски загадувачи,

Повикувајќи се на постојните одредби од релевантните меѓународни конвенции за животна средина, особено Ротердамската Конвенција за процедура на претходно издадена согласност за одредени опасни хемикалии и пестициди за меѓународна трговија, и Базелска Конвенција за контрола на прекугранично пренесување на опасен отпад и негово отстранување, вклучувајќи и регионални договори во рамките на нејзиниот член 11,

Повикувајќи се исто така на постојните одредби од Декларацијата од Рио за животна средина и развој и Агендата 21,

Потврдувајќи дека претпазливост е нагласена во сите прашања од интерес на страните и вградена во оваа Конвенција,

Потврдувајќи дека државите, во согласност со Повелбата на Обединетите Нации и принципите на меѓународното право, имаат суверено право да ги експлоатираат сопствените ресурси според нивните политики за развој и животна средина, и обврската да гарантираат дека активностите во нивна јурисдикција или контрола не предизвикуваат штета врз животната средина на други држави или области вон границите на национална јурисдикција,

Имајќи ги предвид состојбите и специфичните потреби на земјите во развој, особено најнеразвиените меѓу нив, и земјите со економија во транзиција, и потребата за зајакнување на нивните национални капацитети за управување со хемикалии, вклучувајќи трансфер на технологии, обезбедување финансиска и техничка помош и промовирање на соработка помеѓу страните,

Земајќи ја во обзир Акционата програма за одржлив развој на малите островски земји во развој усвоена на 6 мај 1994 година во Барбадос,

Имајќи ги предвид и соодветните капациети на развиените и земјите во развој, како и заедничките, но различни обврски на државите наведени во Принцип 7 од декларацијата од Рио за животна средина и развој,

Согласувајќи се дека приватниот сектор и невладините организации можат многу да придонесат за редукција и/или елиминација на емисии и испуштање на неразградливи органски загадувачи,

Истакнувајќи дека е важно производителите на неразградливи органски загадувачи да си ја преземат обврската за редукција на негативните ефекти од нивните производи и да обезбедат информации за корисниците, владите и јавноста за опасните особини на овие хемикалии,

Свесни за потребата од преземање мерки за спречување на негативните ефекти предизвикани од неразградливите органски загадувачи во било кој стадиум од нивниот животен циклус,

Реафирмирајќи го Принципот 16 од Декларацијата од Рио кој се однесува на животната средина и развојот, во кој се вели дека националните надлежни органи треба да промовираат интернализација на трошоците за животна средина и употребата на економски инструменти, имајќи го предвид пристапот дека загадувачот треба да ја плати цената на загадувањето, во однос на интересите на јавноста и без нарушување на меѓународната трговија и инвестирање,

Поттикнувајќи ги страните кои немаат програми за регулирање и оценување на пестициди и индустриски хемикалии да развијат такви програми,

Потврдувајќи ја важноста од развој и примена на еколошки алтернативни процеси и хемикалии,

Одлучни да го заштитат човековото здравје и животната средина од штетните влијанија на неразградливите органски загадувачи,


Се согласија:
Член 1

Цел

Имајќи го во обзир пристапот за претпазливост од Принципот 15 на Декларацијата од Рио кој се однесува на животната средина и развојот, целта на оваа Конвенција е заштита на човековото здравје и животната средина од неразградливи органски загадувачи.

Член 2

Дефиниции

За целите на оваа Конвенција:

(а) "Страна" значи држава или регионална организација на економска интеграција која се согласила да биде обврзана со оваа Конвенција и за која Конвенцијата е во сила;
(б) "Регионална организација на економска интеграција" значи организација конституирана од суверени Држави од еден регион на која државите-членки ги пренеле надлежностите за прашања од оваа Конвенција и која е потполно овластена, во согласност со нејзините внатрешни процедури, да ја потпишува, ратификува, прифати, одобри или пристапи кон оваа Конвенција;
(ц) "Страни кои се присутни и кои гласаат" значи страни кои се присутни и кои можат да дадат позитивен или негативен глас.

Член 3

Мерки за редукција или елиминација на испуштени супстанции од наменско производство и употреба

1. Секоја Страна:

(а) Ќе забрани и/или преземе законски и административни мерки потребни за елиминација на:

(i) производство или употреба на хемикалии наведени во Прилог А подлежни на одредбите на овој Прилог; и
(ii) увоз и извоз на хемикалии наведени во Прилог А во согласност со одредбите од став 2;и

(б) Ќе го ограничи производството и употребата на хемикалиите наведени во Прилог Б во согласност со одредбите на овој Прилог.
2. Секоја Страна ќе преземе мерки за да гарантира:

(а) Дека хемикалијата која се наоѓа во прилог А или прилог Б е увезена само:

(i) За целите на еколошко отстранување како што е
одредено во став 1 (д) од член 6; или
(ii) За употреба или цел која е дозволена за таа страна
според прилог А или прилог Б;

(б) Дека хемикалијата која се наоѓа на листата на прилог А и за чие производство или употреба важи посебно изземање или пак хемикалија која се наоѓа на листата на прилог Б и за која важи посебно изземање за производство или употреба или прифатлива цел, земајќи ги во обзир сите релевантни одредби во постојните меѓународни инструменти за претходно издадена согласност, може да се извезе само:
(i) За целите на еколошко отстранување како што е одредено во став 1 (д) од член 6;
(ii) За целите на еколошко отстранување како што е одредено во став 1 (д) од член 6;
(iii) Во држава која е страна на оваа Конвенција и која обезбедила годишна дозвола за земјата извозник. Ваква дозвола ќе специфицира цел на користење на хемикалијата и ќе вклучува изјава дека во однос на хемикалијата земјата увозник се обврзува:
а. да се грижи за заштитата на здравјето и животната средина, со преземање мерки за намалување или спречување испуштање на хемикалии;
б. да ги почитува одредбите од став 1 во член 6; и
ц. да ги почитува, каде е потребно, одредбите од став 2 од дел 2 од прилог Б.
Дозволата ќе вклучува и дополнителни документи, како
регулативни инструменти или административни односно насоки
или насоки за политика. Земјата извозник ќе ја проследи
дозволата до Секретаријатот во рок од шеесет дена од приемот
на истата.
(ц) Дека хемикалијата која се наоѓа на листата на прилог А, за чие производство и користење не важи повеќе посебното изземање за било која Страна, нема да се извезе од неа освен за целите на
еколошко отстранување како што е наведено во став 1 (д) од Член 6;
(д) За целите на овој став, терминот "Земја која не е страна на Конвенцијата" ќе вклучува, во однос на одредена хемикалија, земја или организација за регионална економска интеграција која не се согласила да биде обврзана со Конвенцијата во однос на таа хемикалија.

3. Секоја страна која има еден или повеќе планови за регулатива и оценување на нови пестициди или нови индустриски хемикалии ќе преземе мерки за регулација, со цел да се спречи производство или користење на нови пестициди или нови индустриски хемикалии кои, земајќи ги во обзир критериумите во став 1 од прилог Д, покажуваат карактеристики на неразградливи органски загадувачи.

4. Страната која има еден или повеќе планови за регулација и оценување на пестициди или индустриски хемикалии ќе ги земе предвид , каде е потребно, во рамките на овие планови критериумите од став 1 од прилог Д кога спроведува оценување на пестициди или индустриски хемикалии кои се во употреба.

5. Освен ако не е поинаку предвидено во оваа Конвенција, ставот 1 и 2 нема да се применуваат за количини на хемикалија која треба да се користи за лабораториски истражувања или како референтен стандард.

6. Страната која е посебно изземена во согласност со прилог А или посебно изземена или има прифатлива цел во согласност со прилог Б ќе преземе соодветни мерки за да гарантира дека производството или користењето според таквото изземање или цел се врши на начин кој спречува или минимизира изложување на човекот или нивно испуштање во околината. За изземено користење или прифатлива примена која вклучува намерно испуштање во околината според услови на нормално користење, таквото испуштање ќе треба да биде биде во минимални количини, во согласност со применливите стандарди и упатства.


Член 4

Регистар на посебни изземања

1. Се утврдува регистер за целите на идентификација на страните кои имаат исклучоци од листата на прилог А или прилог Б. Тој нема да ги идентификува страните кои ги користат одредбите од прилог А или прилог Б кои можат да бидат спроведувани од сите страни. Регистерот ќе го води Секретаријатот и ќе биде достапен на јавноста.

2. Регистерот ќе вклучува

(а) Листа на видови посебни изземања кои произлегуваат од прилог А и прилог Б;

(б) Листа на страните кои имаат посебни изземања наведени во прилог А или прилог Б;

(ц) Листа на истекување на рокот за секое посебно изземање.

3. Секоја страна може, кога ќе стане страна, со писмено известување до Секретаријатот, да се пријави за едно или повеќе видови посебни изземања кои се наоѓаат на листата на прилог А или прилог Б.

4. Доколку страната не наведе рок порано во Регистерот или не и е дозволено продолжување на рокот според став 7, сите регистрации за посебно изземање ќе истечат 5 години по датата на влегување во сила на оваа Конвенција во однос на одредена хемикалија.

5.На првиот состанок Конференцијата на Страните ќе одлучи за процесот на ревизија на точките од Регистерот.

6. Пред да изврши ревизија на влез во Регистерот, засегнатата страна ќе поднесе извештај до Секретаријатот за да ја оправда продолжителната потреба од регистрација на изземање. Секретаријатот ќе го испрати извештајот до сите Страни. Ревизија на регистрацијата ќе се изврши врз основа на сите информации кои се на располагање. И врз нејзина основа Конференцијата на Страните ќе издаде препораки на засегнатата страна.

7. Конференцијата на страните може, на барање на засегнатата Страна, да одлучи да го продолжи рокот на посебното изземање за период до пет години. Во донесувањето на одлуката Конференцијата на страните ќе ги земе во обзир посебните околности на земјите членки кои се во развој или транзиција.

8. Страната може, во било кое време, да го повлече посебното изземање од Регистерот со писмено известување до Секретаријатот. Повлекувањето ќе влезе во сила на датата наведена во известувањето.

9. Кога нема повеќе страни регистрирани за одредено изземање нови регистрации нема да се вршат.

следна страна