Текст на Минамата конвенцијата Minamata-Convention-booklet-Oct2023-EN
Минамата конвенцијата за жива е светски договор за заштита на човечкото здравје и животната средина од штетните влијанија на живата. Договорот е постигнат на Петтата сесија на Меѓувладиниот преговарачки комитет за жива во Женева, Швајцарија, 19 јануари 2013 г. и подоцна и усвоена истата година на 10 октомври 2013 г. на Дипломатската конференција одржана во Кумамото, Јапонија.
Целта на Минамата конвенцијата за жива е да го заштити здравјето на луѓето и животната средина од негативните влијанија од присуството на жива. Таа содржи одредби кои се однесуваат на целиот животен циклус на живата, вклучувајќи и контроли и редукции во широк спектар на производи, процеси и индустрии каде што се користи, ослободува или емитира живата. Договорот, исто така, се однесува на директната експлоатација на живата во рударството, нејзиниот извоз и увоз, неговото безбедно складирање и негово отстранување кога преоѓа во отпад.
Република Северна Македонија како дел од меѓународната заедница посветена на безбедното и одржливо управување со животната средина е свесна дека првиот чекор во правилното управување со жива е да се разбере каде се изворите на снабдување со жива во земјата. Да се обезбедат податоци во форма на инвентар на жива, кои се однесуваат на тоа во кои производствените процеси се користат соединенијата на жива, кои се главните извори на емисии во воздухот, водата, отпадот и почвата, да се изврши оцена на политиките, регулаторната и институционалната рамка со цел да се фокусира на главните финансиски ресурси и механизми за справување со здравствените аспекти, градењето на капацитетите и јавната свест за сите заинтересирани страни.
Извештајот од иницијалната оцена на состојбата со жива во Република Северна Македонија дава преглед на резултатите од Националниот инвентар на ослободувања на жива во Република Северна Македонија од 2017 година, иницијалните сознанија за постоечките политики, правните и институционалните капацитети кои истовремено даваат општи препораки за понатамошни приоритетни чекори кон постепено отстранување на живата и одржливо управување со живата во земјата.
Документот и дава можност на земјата за првпат да изработи инвентар на жива, на јасен начин да го соопшти до сите засегнати страни и да разговара со нив за мерките потребни за спроведување на одредбите од Минамата Конвенцијата.
ИНИЦИЈАЛЕН ИНВЕНТАР НА ЖИВА
Националниот инвентар на ослободувања на жива во Република Северна Македонија беше изработен во декември 2017 година, а како референтна година беше земена 2013 година. Овој инвентар на ослободувања на жива е изработен со помош на „Прирачникот за идентификација и квантификација на ослободувања на жива“ подготвен од страна на Одделот за хемикалии при Програмата на Обединетите Нации за животна средина (UN Environment / Chemicals branch). Целта на овој прирачник е да им се помогне на земјите да изградат соодветна база на податоци поврзани за живата, која ќе биде насока за понатамошните чекори во поставувањето на целите и приоритетите и да се следи напредокот во поглед на управувањето со живата.
Со цел да се добие најдобра можна проценка на ослободувањата на жива т.е. да се направи специфичен, прецизен и веродостоен инвентар, беа примеркувани и анализирани различни матрици (јаглен, летечки пепел, отфрлен материјал и јаловина, лапорец, варовник, цемент и алкални батерии), при што беа изработени специфични влезни/излезни фактори за оние поткатегории кои би можеле во значителна мера да влијаат врз резултатите на инвентарот (согорување на јаглен во електраните, екстракција и иницијална преработка на цинк и олово, екстракција и иницијална преработка на бакар, производство на цемент и батерии со жива).
Резултатите од Инвентарот за ослободувањата на жива покажуваат дека вкупното ослободување на живата во земјата за 2013 година изнесува 3.282,77 kg Hg/г. Секторот за одлагање / депонирање и третман на отпадни води е одговорен за највисокото количество ослободена жива (придонес од 45% од вкупните издатоци на жива) или 1.476,8 kg Hg/г. Вториот најзначаен извор на ослободување на жива во земјата е секторот за согорување на отпадот и горење со вкупно ослободување од 382,90 kg Hg/г (12% удел во вкупните ослободувања на жива), по кое следат екстракција и употреба на секторот горива / извори на енергија и производство на рециклирани метали со ослободување на 343,83 kg Hg/г (10%) и 299,91 kg Hg/г (9%).
Поткатегоријата со најголемо количество на жива ослободена во животната средина во 2013 година се „Дивите депонии на комунален отпад“ со 3.186,78 kg, после што следат „Санитарните депонии“ со одложени 777,15 kg и „Системите за отпадни води и нивно пречистување“ со 593,24 kg.
Резултатите од инвентарот на живата обезбедија информации за четири различни излезни патеки на жива: 1) емисии во воздух, 2) директни ослободувања во вода, 3) директни ослободувања во почва и 4) друго. Категоријата ‘друго’ вклучува излезни патеки за нус-производи, комунален отпад и третман на отпад специфичен за секторот. Најголем дел од ослободената жива од сите категории / поткатегории на извори е во воздухот со вкупна количина од 1,225.34 kg Hg/г (37,3%), по кој следи почва и вода со 977,79 kg Hg/г (29,8%) и 488,92 kg Hg/г (14,9%). Конкретно, емисиите подетално се опишани подоле:
- Емисии во воздух
Посебна категорија за ослободување на жива со најголема контрибуција на жива во атмосферата е согорувањето на отпад со износ од 382,9 kg Hg/г, потоа секторите за одлагање / депонирање на отпадот и третман на отпадни води со 326,45 kg Hg/г и екстракција и употреба на горива / извори на енергија со 218,06 kg Hg/г.
Подкатегоријата неконтролирано согорување на отпадот го дели највисокото ослободување на живата во воздухот со 375,4 kg Hg/г, проследено со неконтролираното фрлање на комунален отпад со 318,68 kg Hg/г и согорување на јаглен во електрани со 167,1 kg Hg/г .
- Емисии во почва
Доминантната категорија на извори којашто има најголем придонес во ослободувањето на жива во почва е депонирањето/ депонирањето на отпадот и третманот со отпадни води со 3.319,74 kg Hg/г.
- Емисии во вода
Најголеми извори на ослободувања на жива во вода е отпадот/депонирање и третман на отпадните води со 849,71 kg Hg/г, потоа следат други намерно произведени производи/постапки со 121,65 kg Hg/г и производи за широка потрошувачка со намерно користење на жива со 47,47 kg Hg/ г.
- Емисии во ‘други’ категории
Посебната категорија за ослободување на жива која има најголем придонес во ослободувањата на жива во вкупното количество на отпад се потрошувачките производи со износ од 193,41 kg Hg/г, проследено со производство на рециклирани метали со 98,97 kg Hg/г, потоа други намерни производи и депонирање / депонирање на отпадот и третман на отпадните води со 49,4 kg Hg/г и 36,61 kg Hg/г. Доминантната категорија на извори којашто има најголем придонес во ослободувањата на жива во производството на отпад за третман/депонирање на отпад, е екстракција и употреба на горива / извори на енергија со 125,76 kg Hg/г, проследено со друга употреба на производот т.е процесот со 44,16 kg Hg/г, потоа депонирање / депонирање на отпадот и третман на отпадните води со 24,66 kg Hg/г и примарно производство на метал со 5,74 kg Hg/г.
Постојат две категории на ослободување на жива во нуспроизводи и нечистотии, кои спаѓаат во друго користење на производ / процес и производство на други минерали со 49,4 kg Hg/г и 36,61 kg Hg/г.
Другите поткатегории на извори кои не спаѓаат во отпад, придонесуваат намногу во внесот на нова жива во општеството , а тоа се производство на рециклирани метали, потоа следат согорување на јаглен во електричните централи, термометри со жива, дентални пломби со жива и производство на цемент.
Следните поткатегории на извори од отпад се сметаат за главни токови на жива со диви депонии на отпадот и отпадните води од комунален отпад, контролирани депонии / депозити, систем за отпадни води / третман и неформално согорување на отпадот.
Некои од недостатоците во податоците идентификувани во Извештајот се: а) анализа и проценки во согорувањето на јаглен во под-категорија на електрични централи не соодветствуваат со факторот на излезната распределба од прирачникот б) нема фактор на излезна распределба во производство на примарни метали, екстракција и иницијална обработка в) анализата на присуството на жива во мермерот што се изведува за потребите на овој Извештај за инвентаризација се разликува од претходно изведените од фабриката за цемент; г) недостасуваат основни информации за идентификација на статусот на термометри; д) недостаток на прецизни податоци за количините на собирани и третирани отпадни води и ѓ) нема податоци за присуството на жива во влезните материјали (горива, суровини, производи, итн.) и излезни токови (отпад, емисии, итн.).
Овој иницијален инвентар на жива треба да се смета како прв чекор, кон понатамошна проценка за да се потврдат потенцијалните приоритетни проблеми кои ќе се земат предвид во преземање иницијативи за намалување на ослободувањето.
Оценка на политиката, регулативата и институционалната рамка
Имајќи предвид дека многу еколошки проблеми имаат прекуграничен карактер и глобално влијание, Северна Македонија зема активно учество во ратификацијата и спроведувањето на мултилатералните договори за животна средина (на пример, Ротердамската конвенција за претходно издадена согласност, ратификувана во 2011 година, Базелска конвенција за контрола на прекуграничното движење на опасните отпади, ратификувана во 1989 година, Стокхолмската конвенција за неразградливи органски загадувачи ратификувана во 2004 година, Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот ратификувана во 1979 година, Протоколот за тешки метали на ЛРТАП конвенцијата (ратификуван во 1998 година) и Протоколот за регистри на загадувачи и пренос на загадувачки супстанции, како дел од Архуската конвенција 2010).
Извештајот од иницијалната оцена за состојбата со жива покажува недостатоци кои можат да го попречат ефикасното спроведување на целите на Минамата Конвенцијата на национално ниво.
Извршена е анализа на недостатоците во регулативата за управувањето со жива во Република Северна Македонија и е дадена во Анекс 1 од овој извештај кој ги содржи целите на Минамата Конвенцијата, идентификација на целите кои постојат во националното законодавство и изјавите дали овие барања се транспонирани во националното законодавство.
Главните заклучоци се:
- Правната рамка за управување со жива во Република Северна Македонија е нецелосна и е вклучена во неколку рамковни закони и подзаконски акти;
- Не постои посебно национално законодавство кое ги инкорпорира целите на Минамата Конвенцијата и Регулативата ЕУ 1102/2008 за забрана на жива и одредени соединенија на жива и мешавини и безбедно складирање на жива;
- Некои од целите на Минамата Конвенцијата се транспонирани во националното законодавство (на пр. Одредени дефиниции се инкорпорирани во дефинициите на Законот за животна средина, во поглавјето за извори за снабдување со жива и трговија, само одредбата поврзана со извозот на жива е целосно опфатена со Законот за хемикалии, производните процеси кои користат жива или соединенија на жива, делумно се опфатени со неколку акти на националното законодавство, вклучувајќи го и Законот за животна средина, Закон за квалитет на амбиентен воздух, Закон за води и подзаконски акти и Законот за ратификација на Протоколот кон Конвенцијата за прекугранично загадување на воздухот на тешки метали, привремено складирање на жива, која не е отпадна жива, е целосно регулирана со новиот Закон за хемикалии, промовирање на здравствените аспекти преку развој и имплементација на стратегии и програми за идентификување на населението во ризик, промовирањето на здравствените аспекти преку развој и имплементација на стратегии и програми за идентификување на населението изложено на ризик, особено ранливите категории, е регулирано со Законот за здравствена заштита и Законот за безбедност и здравје при работа.
- Одредбите од Конвенцијата се однесуваат на размена на информации, како и информации, свест и едукација на пошироката јавност се вклучени во Законот за животна средина и Законот за здравствена заштита (епидемиолошки информации за ефектите врз здравјето на луѓето поради изложеност на жива и соединенија на жива);
- Одредбите за производи кои содржат жива се делумно инкорпорирани во неколку национални правни рамки и подзаконски акти;
- Контролата и редукцијата на емисиите на жива и соединенија на жива во атмосферата се до одреден степен транспонирани во Законот за животна средина и Законот за квалитет на воздухот преку мерки за контрола на емисијата од конкретни извори додека ослободувањата во други еколошки медиуми (почвата и водата) се делумно опфатени со Законот за животна средина и Законот за води;
- Локациите контаминирани со жива не се вклучени во постоечкото национално законодавство;
- Одредбите од Конвенцијата за размена на информации, информирање и едукација на пошироката јавност се вклучени во Законот за животна средина и Законот за здравствена заштита;
- Не постои обврска во националното законодавство да се подготви имплементационен план за елиминација на жива;
- Потребно е зајакнување на правната рамка за надминување на овие недостатоци со детална анализа и инкорпорирање на целите поврзани со живата во националното законодавство.
Со цел да се олесни вклучувањето на приоритетите за живата во националното стратешко планирање и нивното интегрирање во безбедното управување со хемикалиите во националниот, регионалниот или секторскиот развој, беше подготвена листа на документи за политиките релевантни за управувањето со жива. Некои од нив се Национален акционен план за ратификација и имплементација на Протоколот за тешки метали, Протоколот за POPs и Гетеборшкиот протокол кон Конвенцијата за прекугранично загадување на воздухот на големи растојанија (2010), Националниот план за управување со отпад (2009-2015), Национален план за заштита на амбиенталниот воздух во Република Северна Македонија за периодот 2013-2018 година. Сите нив, како и идните стратешки документи, би можеле да се искористат за вклучување на приоритетите на живата и нивното интегрирање во безбедното управување со хемикалиите во националниот, регионалниот или секторскиот развој во фаза на подготовка на имплементациониот план за Минамата конвенцијата и неговото спроведување во иднина.
Дадена е листата на релевантни чинители кои треба да работат координирано и да комуницираат кон ефикасно отстранување на живата и одржливо управување со живата.
Клучни чинители се:
а) Национални институции (Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за здравство, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Царинска управа, Министерство за финансии, Инспекциски совет вклучувајќи ги релевантните Државни инспекторати итн.)
б) Индустрија (сите сродни категории на сектори каде што е присутна употребата на жива и нејзините соединенија, ослободување на жива и емисии итн.), вклучувајќи работници кои се директно изложени на живата,
в) Мали и средни производствени и услужни објекти (компании за собирање на опасен отпад, одржување на опрема / уреди за мерење и контрола, стоматолошки ординации, продавници за аптеки, итн.
г) локални и регионални власти,
д) професионални здруженија, меѓународна финансиска организација и
ѓ) потрошувачи и општа популација.
Извештајот ја идентификува улогата и одговорноста на секој од засегнатите страни, кои се клучните прашања за кои треба да се дискутира, кои се носители на одлуки, кое е нивото на ангажирање (информирање, вклучување и зајакнување) и пристапот согласно надлежноста, влијанието и нивната важност.
Многу е важно што сите заинтересирани чинители активно учествуваа во процесот на подготовка на извештајот и што покренаа неколку прашања поврзани со управувањето и елиминацијата на живата. Тие ги дефинираа општите чекори и препораки кои треба понатаму да се развиваат и разгледуваат во идните национални акции за управување со жива, како на пример:
- Од суштинско значење е Владата на Република Северна Македонија да мобилизира и распредели средства за понатамошни чекори во насока на намалување и елиминација на емисиите и ослободувањата на жива во животната средина;
- Владата треба да вложи напори за воспоставување ефикасен и одржлив систем за инвентаризација на живата, поточно за изработка на детален инвентар, како и ратификација на Минамата Конвенцијата;
- Да се подобрат капацитетите за следење и известување за жива во различни медиуми;
- Постои потреба од меѓуминистерска координација за контрола на увозот на жива производи преку зајакнување на институционалната рамка;
- Потребно е градење на капацитетите и зајакнување на институциите за добро управување со отпадот кој е главната категорија на извори според резултатите од Националниот инвентар на ослободувања на жива;
- Да се подготват програми и кампањи за подигање на јавната свест придружени со Студија за оценка на ризикот од жива, Стратегија за комуникација за елиминација на жива и за производи и процеси кои вклучуваат жива на национални приоритети за управување со жива и нејзина елиминација ќе биде основа за изготвување на акционен план за управување со жива и постепено елиминирање;
- Да се зајакне правната рамка со единствена цел, да се промени/ измени националното законодавство поврзано со деталната анализа на регулаторниот јаз во однос на целите на Минамата Конвенцијата;
- Да се поддржат индустриите и малите претпријатија за вклучување на BAT/BEP поврзани со емисиите на жива и добра практика на управување со производи што содржат жива.
Со примена на погоре наведените препораки, вклучените сектори и нивните соодветни засегнати страни ќе треба да преземат конкретни чекори и мерки во насока на безбедно управување со жива и намалување/елиминирање на загадувањето со жива. Во таа насока, во секој од секторите може да се преземат по неколку фокусни активности како приоритети, со цел да се олесни и подобри управувањето со жива во земјата. Оттука, акцентот се става врз неколку теми за дискусија:
- Националната институционална поставеност (национални установи, локални и регионални власти):
- Изработка на национално законодавство за контаминираните локации;
- Транспонирање на барањата од Минамата конвенцијата во националното законодавство;
- Воведување и спроведување на барањата од Минамата конвенцијата во земјата;
- Градење на институционалните капацитети;
- Изработка на научно засновани здравствени прирачници;
- Заштита на животната средина;
- Воспоставување на национален инвентар на емисии од релевантни извори;
- Достапност и квалитет на информации за жива;
- Здравје и безбедност на работниците / целото население;
- Инспекции и мерења на лице место;
- Одржлива употреба на природните ресурси;
- Одговорност;
- Научни испитувања;
- Поставување на национални цели и употреба на националните планови за имплементација за да се донесат акциски планови за управување со емисиите;
- Воведување на здраво управување на отпадот што содржи жива;
- Превенција, дијагноза, третман и мониторинг на здравствените ризици;
- Програми за окупационо изложување на жива и соединенија на жива; и
- Воведување на законски рамки коишто ќе го промовираат преминот кон производи без жива.
- Деловниот сектор (индустрија, мало и средно производство, услужни дејности):
- Контрола на емисиите на жива од главните извори;
- Оптимизирање на процесите така што да се намалат или елиминираат емисии и ослободувања на жива;
- Претставување на најразлични механизми и приоди за намалување на емисиите на жива;
- Спроведување на најдобри достапни техники (BAT) и најдобри еколошки практики (BEP) за минимизирање на побарувачката од жива;
- Безбедно складирање на металната жива;
- Безбедносни прашања во однос на хемикалии;
- Влијание на опасен отпад и одржливо управување;
- Премин кон технологии без жива;
- Окупационо здравје и безбедност со фокус врз ризиците од жива;
- Специфична лична опрема за заштита од жива;
- Зголемена свест за влијанието на жива врз човековото здравје;
- Едукација за безбедно ракување и правилно употребување на сервисната опрема;
- Финансиска поддршка за замена на опремата што содржи жива и понапредна опрема;
- Добри практики во стоматологијата за намалување на ослободувања на жива при употребата на амалгами или нивна замена;
- Правилно одлагање на производи што содржат жива.
- Општата јавност (НВОи, потрошувачи/општото население, граѓанското општество, медиумите):
- Идентификација и заштита на ранливото населението од ризиците од жива;
- Намалување на изложеноста на жива;
- Производи што содржат жива;
- Поддршка на алтернативите без жива во производите и процесите;
- Подигање на јавната свест за жива;
- Јавни кампањи и едукација;
- Намалување на ослободувања на жива при употреба на амалгами во стоматологијата.
- Меѓународната поддршка (мултинационални организации, меѓународни финансиски институции / меѓународни организации)
- Инвестиции во технологија;
- Заеднички проекти со локалните, регионалните и националните
Невладини организации;
- Социо-здравствени и безбедносни перформанси;
- Добра соработка со различни локални, регионални и национални медиуми;
- Обезбедување на техничка помош, градење на капацитетите и мобилизирање на ресурси;
- Размена на информации со меѓународни НВОи со експертиза во доменот на жива;
- Партнерства со приватниот сектор за пристап и здрави алтернативни технологии;
- Како да се промовира спроведувањето и усогласеноста со барањата од Минамата конвенцијата;
- Изработка на прирачни материјали и едукација на засегнати страни;
- Финансиска поддршка за изработка на проекти за постепено напуштање на употребата на живата;
- Финансиска поддршка за индустријата и малите и средни претпријатија да ја заменат тековната употреба на жива со нови материјали и технологии.
Проект за имплементација на Минамата конвенцијата 2022-2025
Министерството за животна средина и просторно планирање, преку проектната канцеларија за неразградливи органки загадувачи (POPs) е во фаза на имплементација на проектот „Зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива со фокус на изработка на стратегија за процена на локација контаминирана со жива“.
Проектот има за цел зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива преку ажурирање на постоечките инвентари на жива, идентификување на националните приоритети во управувањето со живата, усвојување на сеопфатен Национален план за имплементација и изработка на детална стратегија за проценка на локациите контаминирани со жива.
Писмо за поднесување на предлог проект до Специфичната меѓународна програма за Минамата конвенција за жива- SIP_Round_3-North Macedonia Form C-Letter of Transmittal_ Macedonia 2021 signed
Закон за ратификација на Минамата Конвенцијата Ратификација Минамата Сл.весник бр 34 2020