Проект за пакување и отстранување на старите залихи на токсични супстанции во Чаир/Градски завод за здравствена заштита -Скопје

Декември 2005 – август 2006: “Проект за пакување и отстранување на старите залихи на токсични супстанции во Чаир/Градски завод за здравствена заштита-Скопје”


Корисник: Влада на Република Македонија
Донаторска институција: SECO
Национално извршно тело: Канцеларија за POPs
Вредност на проектот: CHF 72,000
Времетраење на проектот: 2005-2006

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија и беше наменет за безбедно пакување и отстранување на застарени залихи на опасни супстанци (органохлорни пестициди, Метил Бромид и Цијановодород). складирани повеќе од 30 години во просториите на Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во Чаир, во несоодветни услови, во населено подрачје и во близина на детско игралиште при Градскиот завод за здравствена заштита Скопје.
Во рамките на овој проект Канцеларијата за POPs, успеа на еколошки безбеден начин да ги елиминира овие екстремно токсични хемикалии, благодарение на посветеноста на проектниот тим, Министерството за животна средина и просторно планирање и координираната акција и соработка на сите надлежни инсититуции, како и стручната помош и логистика од страна на швајцарската експертска куќа ЕТИ, и сето тоа поддржано и финансирано од Швајцарската Влада.